17.02.2023

Една петорка во „сино“, но и две одлични Американки, доволно за да бидат подобри од Вардар (73:57) и да се борат за пехарот

КУП 2023-ЖЕНИ: МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во своето прво финале

Ретко видени индивидуални квалитети прикажаа кошаркарите од САД кои се дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од полуфиналето. На крјаот доволно да се пласираат во финалето, и за прв пат да имаат шанса да го освојат победничкиот пехар. 

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ   57:73

Вардар беше екипата која за кратко време успеа да ја наметне својата игра. Искусното трио Муса-Деловска-Накова потпомогнати од најмладата Начевска, креираше висока предност, која на истекот на првата четвртина изнесуваше 12 поени (20:8).

„Вардарки“ продолжија во ист ритам и во вториот период. Креираа двојно поголеми (32:16). И за момент како да се опуштија. Му дозволија на противникот, односно на американскиот двоец во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Ли-Симонс да анулира голем дел од негативата.

По 18. минути игра, дебитантот на завршните турири се доблиши на само шест поени (26:32). Но проблем во играта на девојките во сино беше што поентираа само Американите. Дадоа 25 од вкупно 26 поени кои ги имаа на полувремето (Митева имаше уште еден), а играше само една петорка.

Заврши со солидна предност за Вардар (34:26), која реално, можеше да биде и повисока.   

Но, се беше сосема поинаку во второто полувреме. Особено во третата четвртина, помина во вистинска играчка доминација на американскиот двоец на МЗТ Скопје.

Едноставно кажано, Симонс и Ли го наполнија кошот на противникот. Направија голем пресврт кошаркарките од Аеродром. За десет минути реализираа 22, примија само седум поени. За водство, и тоа сосема солидно (48:41) со кое влегоа во периодот на одлука.

Таму, имаа уште повисоки (55:44), но и цели седум минути за игра. Преку најискусната, Наков, Вардар дојде на само еден посед негатива (53:56). Но веднаш врати, и тоа со тројка, потоа и со двојка, Симонс за (61:54).

И не застана, погоди уште два пати, за недостижни (67:57) на 1:15 минути пред крајот.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ

Баскет Кам 2011 - Бадел 1862 70:61

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         57:73

18. ФЕВРУАРИ (САБОТА):

ФИНАЛЕ-ЖЕНИ

16.30: Баскет Кам 2011 - Вардар/МЗТ Скопје Аеродром