18.02.2023

Една петорка, и две доминантни Американки беа доволни да излезат како победници против Баскет Кам 2011 (75:60) во големото финале

КУП 2023-ЖЕНИ: МЗТ Скопје Аеродром за прв пат во постоењето стигна до драгоцениот трофеј

Ретки се тие моменти, но се случуваат. Екипа која за прв пат уествува на завршниот турнир од Купот на Македонија, да го освои, макар и во женска конкуренција.

Уште поретко, но е сепак вистинито, да го направи тоа со само една петорка во текот на сите 40 минути од финалниот натпревар.

Тоа за прв пат во својата историја го направија кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со двократниот освојувач на овој трофеј, Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица.

БАСКЕТ КАМ 2011 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       60:75

За разлика од полуфиналниот натпревар, дебитантот многиу поправилн ги распредели поените во првата четвртина. Не погодуваа само Американките Ли и Симонс, во оној поентерски дел се вклучија и другите кошаркарки од стартни пет.

Тоа и им донесе сериозна предност на девојките кои од клупата ги предводи Вела Красниќ. На крајот на првата четвртина имаа убедливи (21:8).

Тешко му одеше на бранителот на трофејот на почетокот, посебно во нападот И особено видливо беше неиграњето на Димова (се повреди на полуфиналето против екипата на Бадел 1862).

Дури во средината на втората четвртина кошаркарките на Баскет Кам 2011 почнаа да погодуваат од далечина, нешто што не им одеше од рака во првата. Тоа и ги донесе до еден поприфатлив минус од десет поени (18:28).

Но во ова финале, онаа петорка која ја има на располагање стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром, се одбрани од тој напад. Преку ударниот двоец Ли и Симонс, потпомогнати од Митрева и Митева, ја одржа таа разлика.

По 20 минути од натпреварот за златните одличја дебитантот водеше со слични (38:26).  

Долго време се ообидуваа кошаркарките од Македонска Каменица да ја сведат разликата на едноцифрена. Успеаја во тоа во 28 минута, кога по поентирањето на Николов, се приближија на (41:49).

Но уште еднаш, предизвикуваќот не се исплаши, напротив, преку своите адути ја врати разликата на висока. Со серија од девет поени, на крајот на третата четвртина МЗТ Скопје Аеродром поведе со високи (58:41).

Баскет Кам 2011 не се предаде...

Се обидоа уште еднаш , намалија на (50:62) за нешто побеќе од три минути , но им снема доволно енергија да го направат финалето далеку поизрамнето, секако резултатски.

Но Симонс и Ли немаа намера да сопрат, го однесоа МЗТ Скопје Аеродорм до првиот трофеј во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.