Од денеска, екипата на МЗТ Скопје Аеродорм, онаа женската влегува во историјата на македонската клупска кошарка, и тоа како освојувач на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“. Во големото финале беа подобри од сега веќе поранешниот освојувач, екипата на Баскет Кам 2011.
„За разлика од полуфиналниот натпревар кога лошо почнавме и бркавме разлика, во финалето успеавме да го контролираме резултатот цело време. Игравме добро и во напад и во одбрана и сум задоволна од прикажаната игра на кошаркарките. Ова е прв трофеј на женскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје и мој прв освоен пехар, така што се радувам на тој успех. Им честитам на сите и ова е мотив и основа за понатамошна работа“- потенцираше вела Красниќ, тренерот на новиот победник во Купот.
Ана Живковиќ пак многу добро знае како се освојувата вакви трофеи. Искусната кошаркарка се врати на теренот, и даде свој придонес во овој голме успех на девојките во „сино-бело“
„Играме и одбрана и напад, не е само поените, важно е да победи екипата. МЗТ е одличен, имаме хемија и играме заедно тимски. Само тоа не доведе до победа, но тимски, победивме. Тешко е да се игра со една петорка, но имавме голема желба и успеавме. Дефинитивно ја сакаме двојката круна, се надевам дека желбата ќе ни се исполни“