Трета година по ред екипата на Баскет Кам 2011 ќе игра во големото финале на националниот Куп. За разлика од претходните две сезони, кошаркарките од Македонска Каменица денеска беа подобри од Бадел 1862 во полуфиналето.
„Најпрво, честитки за Бадел, знаевме дека ќе одиграат борбено. Сакам да им честитам и на моите кошаркарки кои го дадоа максимумот. За финалето имаме мал пех, имавме еден висок играч во името на Димова. Но таа се повреди, но нема предавање. Ќе играме максимално во финалето за да победиме“ - коментираше кратко тренерот на победничката екипа Златко Гоцевски.
Капитенот Катерина Поп-Димитровска смета дека екипата е подготвена да го одбрани трофејот, иако сеуше е непозната тежината на повредата на стартерот, Димова.
„Пресреќни сме за оваа победа. Одигравме до последна секунда и дадовме се од себе да победиме. Немам друго што да кажам, освен да им честитам на целиот мој тим и на сите кои не бодреа на овој натпревар, а утре со сите сили во финалето одиме по титула. Играме третпат по ред во финалето, мора со ладни глави да влеземе во тој меч и уште помотивирано да го нападнеме трофејот“.