Мал поглед и на историјата на натпреварувањето кое барем некогаш важеше како најмасовното, не само кај нас, нашето опкружение, туку и во европски рамки.
Од пред неколку години прифатено е „правилото“ дека на завршниот турнир треба да учествуваат најдобрите осум прволигашки екипи по првиот дел од шампионатот.
Оттука, од четврток до сабота, во Битола, осум екипи ќе тргнат во битките за трофејот, кој од пред три години го носи името на големата македонска кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски Буштур.
Што вели историјата?
Вели дека екипите на Работнички и на МЗТ Скопје Аеродром се и најтрофејните низ овие 31. досега одиграна завршница од националиот Куп.
По онаа ланската, одиграна во СРЦ „Кале“ во Скопје, и победата над дебитантот во оваа конкуренција, Феникс 2010, екипата на МЗТ Скопје го презема приматот на најуспешна.
Тоа беше 11. Куп-трофеј во клупската историја на клубот од населбата „Јане Сандански“.
Клубот од „Градски Парк“ има освоено десет трофеи во ова натпреварување.
Првите две, во 1993 и 1994 година, како Годел Работнички, третата, под истото име и во 1998 година. „Црвено-белите“, но сега како Ферпшед Работнички, остварија четиригодишна доминација во периодот од 2003 до 2006 година. Потоа следуваат уште три успеси во 2011, 2015 и 2019 година, за прв пат под она оригинално име - Работнички.
Нивниот најголем конкурент во трката за титулите – МЗТ Скопје Аеродром, секако, има малку поинаква „историја на освојување“ на драгоцениот пехар во ова натпреварување.
Клубот од Аеродром својата прва Куп-титула ја освои во 1996, а ја репризираше и наредната, 1997 година. „Сино-белите“ го повторија истото остварување и во 1999 и 2000 година.
А потоа мораше да чекаат цели 12. години, поточно до 2012 година, за да го вратат преодниот пехар, тогаш на „Вечер“, во своите витрини во салата „Јане Сандански“.
„Металците“ беа најдобри и во наредните две години, 2013 и 2014, а својата доминација во оваа втора декада ја потврдија и со освојување на трофејот во 2016 одосно 2018, 2021 и 2023 година.
Па овој викенд ќе имаат шанса да „побегнат“ уште еден чекор понапред пред конкуренцијата, заедно со својот вечен ривал, да избијат на првото место вечната листа на најуспешните во ова натпреварување, во кое само уште две екипи може да се пофалат дека победиле повеќе од еднаш.
Тоа се Никол Ферт, клубот од Гостивар кој прослави Куп-титула во 2001 одосно во 2002 година, како и Фени Индустри од Кавадарци кој беше најдобар во 2008 и во 2010 година.
Меѓу титуларите, со свое место во историската Куп-читанка, се и екипите на Деликатес од Кочани (1995), Вардар Осигурување (2007), АМАК-СП – Охрид (2005) и Карпош Соколи 2000 (2017 година). А од пред две годни тоа е и екипата на ТФТ од Скопје.
Историјата вели дека главниот град – Скопје, бил домаќин на дванаесет завршни турнири. А последните четири во серија, се играа одиграа во големата сала на СРЦ „Кале“.
Во 2020 година, поради пандемијата на Ковид-19, завршниот турнир не беше одржан.
Од таа гледна точка, Кавадарци, односно салата „Јасмин“, ја добиле довербата на федерацијата пет пати да бидат улога на носители на куп-активностите.
Еднаш помалку во организаторска улога и настан бил Охрид, односно СРЦ „Билјанини извори“.
Финалето на Купот на Македонија во два наврати се играше и во Гевгелија, во 2016 и во 2019. А на листата на градови организатори-домаќини по еднаш биле и Гостивар, Кочани, Радовиш, Виница, Струмица и Битола.
Токму „градот на конзулите“, по една голема пауза, од цели 17 години, уште еднаш ги пречекува најдобрите осум екипи во ова натпреварување!
А во сабота навечер, во салата „Боро Чурлевски“, ќе го чекаме победникот на 32. издание од националниот Куп...
КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“- МАЖИ
ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ И ФИНАЛИСТИ
(година на одржување, град, шампион - вицешампион)
1993 година (прв по осамостојување), Кочани, Годел Работнички – Кочани Деликатес
1994 година, Гостивар: Годел Работнички – МЗТ Хепос
1995 година, Скопје: Деликатес – МЗТ Хепос
1996 година, Скопје: МЗТ Скопје – Годел Работнички
1997 година, Радовиш: МЗТ Скопје – Тиквеш
1998 година, Кавадарци: Годел Работнички – Орка
1999 година, Кавадарци: МЗТ БОС Скопје – Никол Ферт
2000 година, Скопје: МЗТ Скопје – Годел Работнички
2001 година, Охрид: Никол Ферт – Работнички
2002 година, Охрид: Никол Ферт – Фершпед Работнички
2003 година, Скопје: Фершпед Работнички – МЗТ Аеродром 2000
2004 година, Скопје: Фершпед Работнички – Неметали Огражден
2005 година, Скопје: Фершпед Работнички – Вардар Осигурување
2006 година, Струмица: Фершпед Работнички – Вардар Осигурување
2007 година, Битола: Вардар Осигурување – Струмица 2005
2008 година, Кавадарци: Фени Индустри – Струмица 2005
2009 година, Охрид: Амак СП – Свислион Пелистер
2010 година, Виница: Фени Индустри – Торус
2011 година, Скопје: Работнички – МЗТ Аеродром
2012 година, Скопје: МЗТ Аеродром – Фени Индустри
2013 година, Скопје: МЗТ Аеродром – Куманово 2009
2014 година, Охрид: МЗТ Аеродром – Лирија
2015 година, Скопје: Работнички – Кожув
2016 година, Гевгелија: МЗТ Аеродром – Карпош Соколи
2017 година, Кавадарци: Карпош Соколи – Фени Индустри
2018 година, Кавадарци: МЗТ Аеродром – Работнички
2019 година, Гевгелија: Работнички – Блокотехна
2020 година, Купот не е одржан
2021 година, Скопје: МЗТ Скопје Аеродром - Работнички
2022 година, Скопје: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
2023 година, Скопје: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010
2024 година, Битола: ???