14.02.2025

14.02.2025

Куп Благоја Георгиевски - Буштур 2025, мажи: Формирани полуфиналните двојки

Ланскиот освојувач на престижниот трофеј од државниот Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, е на чекор поблиску од одбрана на трофејот откако вчера во последниот натпревар во рамки на четвртфиналната 'Куп' агенда го совлада лутиот скопски ривал - екипата на Работнички со 97-63. 

Популарни линкови
Статистика

Фотогалерија

Неколку часа претходно, организаторот на завршниот турнир од Купот, екипата на КК Кожув го совлада тимот на МКК Куманово, дебитантот во ова натпреварување со 69-81. 

Популарни линкови
Статистика

Фотогалерија

Кожув ќе се сретне со КК Гостивар во рамки на вториот полуфинален дуел, закажан за денес со почеток во 20:30.

Гостиварци беа подобри од ТФТ во првиот четвртфинален дуел, на кој славеа со 62-72.

Популарни линкови
Статистика

Фотогалерија

Ланскиот вицешампион во Купот, екипата на Пелистер, ја комплетира полуфиналната четворка и си закажа полуфинале против МЗТ Скопје Аеродром откако славеше против Чаир 2030 со 76-72.

Популарни линкови
Статистика

Фотогалерија