14.10.2020

Капитенот на нашиот национален тим задолжен за пресврт и минимална победа на „морнарите“ од Данкерк против ПРО Б лигашот

Куп на Франција: Војдан Стојановски го спаси Гравелин од елиминација

Во вториот елиминациски круг од Купот на Франција, екипата на Гравелин се сретна со Суфелвејерхајм, тим кој е дел од ПРО Б лигата на Франција.

За влез во 1/16 финалето, екипата од Данкерк потроши доста енергија. Мораше да играат Војдан Стојановски и соиграчите дури 45. минути, за да слават со минимални (81:79).  

Бекот на Гравелин одигра само 5:21 минути во првото полувреме во кои реализираше два скока, и имаше два неуспешни обиди од поле. А фаворитот заостануваше пет поени (32:37), по 20.минути игра.

Но со Стојановски во петорката, Гравелин се врати во игра за победа. Дојдоа гостите на минус од три поени (60:63) на нецели пет минути пред крајот. Капитенот на нашиот национален тим влезе во серија, реализираше десет поени, за пресврт. Водство од (67:63) на 2:40 минути до истекот на регуларниот дел. Но мораа да се спасуваат, односно да обезбедат продолжение од пет минути (70:70), малку и со помош на среќата (домаќинот не искористи два напади за победа).

За 23:15 минути во игра, Стојановски дојде до ефект од десет поени (1/5 за три, 1/3 за два и 5/6 за еден поен). Имаше и шест скока, две асистенции и три освоени топки, втор најдобар индекс на полезност во Гравелин.