Денеска беше реализирана ждрепката за претстојниот завршен турнир од „Купот на кралот“ во Шпанија.
Во „Ви Зинк“ Центарот во Мадрид, каде од 11. до 14. февруари ќе се игра турнирот, беа определни четирите четвртфинални двојки, односно натпреварувачкиот „костур“, според кој ќе се стигне до новиот освојувач.
А екипата на Хувентуд, за која со успех настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, за противник во првиот елиминациски круг го доби актуелниот шпански шампионат, екипата на Басконија.
Според распоредот, ако Димитријевиќ и соиграчите го победат тимот од Виторија, во полуфиналето, кое се игра на 13. февруари, ќе играат со подобриот од дуелот Барселона-Уникаха.
Големото финале ќе се игра на 14.февруари.
ФОТО: ACB
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Реал Мадрид – Валенсија
Тенерифе - Бургос
-------------------------------------
Барселона – Уникаха
Баскониа - Хувентуд