17.02.2024

„Успеавме да преземеме одговорност без Војдан и Дамјан. Момците покажаа карактер, се надевам ќе продолжиме во добро светло“...

КУП НА МАКЕДОНИЈА - 2024: Дамјан Робев е најкорисниот играч на финалето

Човек на одлука во финалето за МЗТ Скопје беше Дамјан Робев. Македонскиот репрезентативец мораше да преземе одговорност наместо повредениот Војдан Стојановски, а потоа и по исклучувањето на капитенот Дамјан Стојановски.

Беше најдобар играч на „штрковите“ во третата четвртина кога се кршеше резултатот и неговите поени го оставија скопскиот тим во игра. Поради тоа, тој го понесе и МВП признанието во финалето:

„Вакви натпревари се добиваат само со желба и со борбеност. Ние покажавме повеќе желба во второто полувреме. Пресуди скокот и мислам дека играта сама по себе. Сметам дека заслужено победивме. Искуството исто така е дел од факторите за победата во финалето. Успеавме да преземеме одговорност без Војдан и Дамјан на крајот. Момците покажаа карактер, се надевам ќе продолжиме во добро светло“ - изјави Робев.

Овој натпревар репрезентативниот бек го заврши со 13.реализирани поени, со две погодени тројки и неколку клучни шутеви кога МЗТ Скопје се враќаше по резултатскиот дефицит.