Екипата на Еуро Никел 2005 е вториот полуфиналист на завршниот турнир од Купот на Македонија. Кавадарчани го издржаа почетниот силен притисок на Чаир 2030. Постепено ја „топеа“ високата негатива, и на крајот беа наградени со пласман во следниот круг на турнирот во Битола.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ЧАИР 2030 87:79
Одлично го отвори четвртфиналниот натпревар екипата на Чаир 2030. За неполни пет минути водеше со (16:4), благодарение на расположените Мустафица и Какруки кои имаа комбинирани 13, од тие воведни 16. поени за дебитантот на финалниот турнир од националниот Куп.
Со две тројки, во поентирањето им се приклучи и новакот Галовеј, доволно за уште повисоки, двојно поголеми во однос на противникот - (26:13).
Но веќе на почетокот на вториот период, кавадарчани се вратија. Со серија од девет поени, стигнаа на негатива од само четири поени, (22:26).
Од тој момент, играта доби далеку поизедначен карактер. Навистина, чаирчани го оддржуваа водството, но не беше поголемо од седум-осум поени.
Сепак, по тројката на Дубински, во 18.минута, Еуро Никел 2005 заостануваше само еден поен (41:42). А по осмиот поен во серија на американскиот бек, кавадарчани влегоа и во резултатски егал (44.44).
Нерешено беше и на полувремето (47:47). Минути во кои Мустафица реализираше 14, а Какруки уште десет поени за Чаир 2030, додека на другата страна од теренот, поените беа распределени на повеќе играчи, а Дубински со 11. реализации беше единствениот „двоцифрен“.
Третиот период беше оној во кој Еуро Никел 2005 успеа да поведе, и таа позитива да ја има до пред самиот крај на ова четвртфинале.
На 69. секунди пред крајот беше (79:77) за екипата од Кавадарци, пред Роби намали на само „половина кош“. Но Смит Мексвејн беше спремен за одговор. Најдобриот играч на Еуро Никел 2005 на овој натпревар, положи за плус 3 (81:78), на 40.9 секунди пред крајот. Потоа, Какруки беше половичен од линијата за слободни фрлања. Намали на (79:81). Многу подобро слободните фрлања ги реализираше Златев, за (83:79), За екипата од Чаир останаа неполни 22 секунди. Галовеј не погоди во обидот за три поени, па Еуро Никел 2005 доби промоција на втор полуфиналист на 32.издание од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
За противник во полуфиналето кошаркарите на ќе го имаат подобриот од последниот четвртфинален натпревар во кој се среќаваат домаќинот Пелистер и Феникс 2010.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 - БИТОЛА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 91:76
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 87:79
17.00: Работнички – ТФТ Моцарт
Судии: И.Митровски-Панов-Михајловиќ
Делегат: Ахтаров; Контролор: Хорват
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GeBYUG_s8Nw?si=UmI9VZzbVfCoMtW1
19.30: Пелистер – Феникс 2010
Судии: Феревски-Златевски-Антовски
Делегат: Угринов; Контролор: Цветковски
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Lvy-lwvdFSY?si=_mCm1sTQ02I74zLw