15.02.2024

Гостиварци имаа енергија само за едно полувреме во четвртфиналето против бранителот на пехарот (91:76)

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 2024: МЗТ Скопје прв во полуфинале

Кошаркарите на МЗТ Скопје Ародром го направија првиот чекор во одбраната на титулата во националниот Куп, откако во првиот четртфинален натпревар на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во Битола, беа поуспешни од Гостивар.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР           91:76

Иако не почна како стартер, Крстевски брзо влезе во поентерска серија, за прво, какво-такво резултатско одвојување, односно МЗТ Скопје да поведе со (37:33) во 13. минута. Но Гостиварци имаа неколку расположени кошаркари, пред се Вилијамс и Инграм (искомбинираа 23 поени за краток временски интервал).

По тајм-аутот на Гостивар, „се вклучи“ и Робев, кој погоди две тројки за уште повисоки (43:35) во корист на фаворитот. Погоди уште две репрезентативниот бек, за МЗТ Скопје има и двоцифрени (48:38). А со помош на Делалиќ (десет поени во првото полувреме), бранителот на трофејот дојде до уште поголеми (54:40) на полувремето.

На другата страна, Вилијамс и Инграм имаа по 13. поени во тој прв дел од првото четвртфинале на турнирот во Битола.

На средина од третата четвртина, екипата од Аеродром достигна предност и од 25 поени (70:45), и тука некаде и дефинитивно го скрши отпорот на гостиварци, каде евидентно, недостасуваа и други играчи кои може да го следат поентерскиот ефеткт на Инграм и Вилијамс.

По 30 минути игра, МЗТ Скопје имаше непто пониски (74:56).

Делалиќ реализираше 22.поени, Робев додаде 13, исто колку и Ворку односно Танасковиќ.

Вилијамс беше првиот стрелец на Гостивар, реализираше 23.поени, Инграм имаше 20, а до двоен број на поени  дојдоа Џонс (14) но и младиот Коскоски - 12.  

Во полуфиналето, бранителот на титулата ќе игра против подобриот од дуелот Работнички – ТФТ Моцарт, кој ќе се игра од 17.часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 - БИТОЛА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      91:76

14.30: Еуро Никел 2005 – Чаир 2030

Судии: З.Митровски-Бошкоски-Ѓорески

Делегат: Димовски; Контролор: Теофиловски

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NYq4V6N_nEU?si=byGB7btJllKqpHDk

17.00: Работнички – ТФТ Моцарт

Судии: И.Митровски-Панов-Михајловиќ

Делегат: Ахтаров; Контролор: Хорват

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GeBYUG_s8Nw?si=UmI9VZzbVfCoMtW1

19.30: Пелистер – Феникс 2010

Судии: Феревски-Златевски-Антовски

Делегат: Угринов; Контролор: Цветковски

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Lvy-lwvdFSY?si=_mCm1sTQ02I74zLw