15.02.2024

Пелистер многу подобар од Феникс 2010 во второто полувреме (81:70), за чекор понапред кон трофејот пред своите навивачи во Битола

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 2024: Трае сонот за пехарот на „пелистерци“

Во последниот меч од четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарите на Пелистер стигнаа до триумф над Феникс 2010, на крајот и убедлив, што ги промовира во последен учесник на полуфиналето. Па во петок навечер, од 19.30 часот ќе го продолжат својот пат кон пехарот од купот на Македонија. новата пречка е кавадаречки Еуро Никел 2005

ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010       81:70

Мошне интензивна прва четвртина одиграа последните два четвртфинални учесници во завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Феникс 2010 имаше подобри први пет минути, за Пелистер пак беа оние наредните. Прво гостите од Скопје поведоа со  (14:6), по што следуваа минутите за битолчани. Нивна серија од (14-2), по која на крајот на првите десет минути се стекнаа со водство од (20:16).

„Екстензија“ на резултатот направи Пелистер и на почетокот на втората делница (17-2) за уште поголеми (23:16).

Но Феникс 2010 го има Бојан Трајковски...

Искусното крило со две тројки (и 12.поени) во краток период, го врати својоѕ тим во доста подобра ситуација. Односно негатива од само четири поени (30:34), кога се играше 18.минута од последниот четвртфинален меч.

До крајот на полувремето, Феникс 2010 беше уште поблиску до Пелистер (35:38).

Но во третата четвртина проработе т.н. „тешка артилерија“ на Пелистер. Пет тројки во серија постигнаа домашните кошаркари. И повеќе од доволно за сериозно да се одвојат. Да дојдат до највисокото водство (58:43).

За таа најдобра нивна четвртина да ја затворат со комотно водство од (62:51).

Со серија од пет поени, „пелистерци“ ја покачија разликата на (67:51). Ја држеа на сигурна дистанца во она време кое преостана до крајот на четвртфиналето број 4, и се промовираа во последните полуфиналисти.

За место во големото финале, „зелено-белите“ ќе играат во петок навечер од 19.30 часот, а за противник го имаат Еуро Никел 2005.

Погодија 12 тројки (од 26.обиди) кошаркарите на Пелистер, најголем дел од нив во третиот и решавачки период на натпреварот. Имаа доста расположени шутери, ги предводеше Магдевски, кој реализираше 17.поени, го следеше Маслинко со 14, Стојановски имаше 11, а Најт уште 10.поени.

Во екипата на Феникс 2010, Џонс дојде до 20. реализации, Трајковски имаше 16 (и 11.скока). Но се чини без вистинска поддршка, особено од Рис (во моментите кога „се кршеше резултатот“), па и другите странски играчи како Дениел односно Метјус.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 - БИТОЛА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      91:76

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  87:79

Работнички – ТФТ Моцарт        75:68

Пелистер – Феникс 2010           81:70

ПОЛУФИНАЛЕ

16.ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

19.30: Еуро Никел 2005 – Пелистер