15.02.2024

Изјави по натпреварот: МЗТ Скопје Аеродром - Гостивар

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2024 - Васко Атанасов: „Освен во првата четвртина, го контролиравме натпреварот“

Tренерот на аеродромци, Васко Атанасов по мечот смета дека освен во првата четвртина, во останатиот дел неговата екипа го контролирала натпреварот:

„Освен првиот период сметам дека во останатиот дел го контролиравме мечот. Тешка прва четвртина бидејќи знаевме дека Гостивар е добар тим кој играш во егал со сите екипи сезонава. Сепак, ние веќе го забораваме овој дуел и се концентрираме на освојувањето на титулата. Генерално МЗТ има широк ростер и можев да бирам кој да игра. Не се сложувам дека одморив дел од играчите, туку само поради големиот ростер некој имаше помала минутажа“ - изјави Атанасов.

По натпреварот, тренерот на Гостивар, Јорданчо Давитков изјави дека е заслужена победата на противникот кој во моментов е многу подобар.

МЗТ е подобра екипа од нашата, а посебно тоа што имаме мала ротација беше клучно. Дадовме максимум додека можевме, во тие први 15 минути, а потоа следеше падот. Им честитам победа. Им посакувам успех во иднина“- коментираше Давитков.