02.03.2024

Вардар - МЗТ С.А. 64-69

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2024 – ЖЕНИ: Александар Ашаданов: Никогаш не одлучуваат првите пет минути игра

ЖКК Вардар оваа натпреварувачка сезона ќе изостане од финалето на завршниот Куп турнир откако во полуфиналниот дуел загуби од бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром со 64-69.

Најпрво сакам да им честитам на МЗТ Скопје за победата, а воедно да им честитам и на моите играчи коишто изиграа уште еден тежок и извонреден натпревар во кој решаваа нијанси. Куп натпреварите се секогаш вакви и неизвесни и секогаш мали ситници ги одлучуваат победниците. За жал нашите грешки ги искористи МЗТ и сосема заслужено влезе во финале. Само ќе им посакам среќа на МЗТ и на Баскет Кам во финалето и нека победи подобриот.

Сведоци сме на доста вакви натпревари, никогаш не одлучуваат првите пет минути игра. Доста често првата четвртина може да ја води 10-15 разлика па да има пресврт. Важно е да се игра во континуитет 40 минути. Реално подлегнавме во таа втора четвртина која ја загубивме со 20-9 и мислам дека беше една од клучните за нас. - вели Александар Ашаданов, тренерот на ЖКК Вардар.