02.03.2024 Вардар - МЗТ С.А. 64-69 Женскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром, утре (недела, 3. март, 2024 година) ќе го брани трофејот од Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ против екипата на Баскет Кам откако денеска во вториот полуфинален дуел го совлада црвено-црниот состав на Вардар со 64-69. Како што предвидов, тежок натпревар. Мало надмудрување со колегата Ашаданов. Многу ми е драго што на другата страна видов дека колегата игра и со млади деца иако во толку тежок и важен натпревар за нивната сезона. Тоа ми е императив за наредната сезона што треба да го направиме со МЗТ. Инаку импресии од натпреварот, можеби победивме на искуство, на првата петорка, искористивме некои мали шанси во бонусот. Мали поени кои на крај беа баш тие одлучни за победата. Против нас утре не чека фаворитот на овој турнир. Од она што го видов играа многу брза кошарка, тие шест седум девојки кои играат повеќе години заедно и во клубовите и во репрезентацијата, многу добро се познаваат меѓу себе. Ги предводи одличен тренер, Жаклина Стојановска. Ќе се обидеме да парираме и да го одбраниме пехарот. Дојдовме до финалето, предавање нема. Имаме малку време да се подготвиме за утре и ќе се обидеме да направиме изненадување. - заклучи тренерот на бранителот на трофејот, Горан Крстевски.