Големото финале, 31.по ред во Куп-историјата на македонската женска кошарка, донесе супериорна игра на екипата која беше во улога на „предизвикувач“, Баскет Кам, против онаа која го бранеше пехарот во ова натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром.
БАСКЕТ КАМ 2011 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 67:39
Уште во раната фаза од финалето, Баскет Кам обезбеди солидна позитива од девет поени (13:4). Имаа максимални „три од три“ во шутот за три поени (Димова даде две), за идентични (15:6).
А крајот на првата четвртина, „предизвикувачот“ во овој финален меч,го дочека и со двоцифрено водство (21:11). Но и расположена, за поентирање, прва петорка, во која се вклучи и Зубац, која финалеот го почна од клупата за резервни играчи.
Со серија од седум поени го почна вториот период екипата од Макеоднска Каменица, за да дојде до највисоките (28:11). Не помогна ниту вториот тајм-аут кој го побара тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Горан Крстевски.
Зубац продолжи со поентирањето (на брзина дојде од бројката 12), Баскет Кам ја продолжи серијата и до (32:11), ако што стоеше на семафорот во СРЦ „Кале“ по 15.минути играње во финалето.
Кметовска и Димова воспоставија доминација во рекетот (заедно 26.поени), па Баскет кам лесно ја оддржуваше високата предност. На влезот во последната минута од првото полувреме, имаа плус 26 (42:16).
Тројката на Кметовска, со звукот на сирената, ја потврди супериорноста на Баскет кам кој имаше (45:20) по 20.минути од финалето.
Ниту оние 15 минути за одмор не им беа доволни на кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром да направат некоја „повратничка стратегија“. Односно да најдат начин како да ја запрат доминантната игра на противникот во финалниот меч.
Екипата од Македонска Каменица имаше уште поголеми (55:24) во 26.минута од натпреварот, кога полека но сигурно, стана јасно дека по трет пат во последните четири години, ќе го освои Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 - ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Баскет кам 2011 – Крива Паланка 90:70
Вардар - МЗТ Скопје Аеродром 64:69
ФИНАЛЕ
Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром 67:39