03.03.2024 Македонската репрезентативка дојде до најголеми 29. индексни поени во мечот за трофејот... Кошаркарката на Баскет Кам, Ивана Кметовска го понесе признанието за најкорисен играч на финалниот турнир од 31. издание на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Актуелната македонска репрезентативка одигра уште еден одличен меч на собирот во СРЦ „Кале“. За нецели 28.минути поминати во игра, силното крило на тимот од Македонска Каменица комплетираше дабл-дабл ефект. Изразен со реализација на 23. поени (1/1 за три, 6/10 за два и 8/11 за еден поен), 15.скока, од кои пет во фазата на нападот. Освен тоа, имаше и две освоени топки и една асистенција, сето тоа доволно за најголеми 29. индексни поени во мечот за трофејот.