02.03.2024

Екипата од Македонска Каменица стигна со победа над Крива Паланка (90:70), и ќе се бори за третиот куп-пехар во својата историја

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2024 – ЖЕНИ: По четвртти пат по ред, Баскет Кам е во големото финале

Во првиот полуфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција, екипата на Баскет Кам беше подобар ривал од Крива Паланка. По одлиќното прво полувреме, кошаркарките од Македонска Каменица имаа пад во третиот период, но ја одбранија високата позитива од првиот, и по четвртти пат во исто толку години, по ред, стигнаа до мечот за победничкиот трофеј во ова натпреварување.  

БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА         90:70

Првите десет минути од првиот полуфинален натпревар поминаа во апсолутна доминација на кошаркарките на Баскет кам, Имаа неверојатно висок процент на реализација избраничките на тренерот Жаклина Стојановска. За десет минути, предводени од расположената Димова, постигнаа дури 30 поени, примија само 11, за повеќе од убедлива предност (30:11).

Многу порамноправно се играше во вториот период, во кој кошаркарите на Крива Паланка се тргнаа од почетниот грч. Преку американскиот двоец МекКала-Мазик (искомбинираа 18.поени), успеаја да анулираат дел од високата негатива. Се доближија на минус од 13 поени (28:41), во средишниот дел на втората четвртина.

На другата страна, во поентерска серија влезе новото лице во тимот од Македонска Каменица, Драгана Зубац. За кратко време испорача 14.поени, и практично ја одржуваше високата предност на страната на екипата која важеше за фаворит и пред почетокот на финалниот турнир.

Во последниот дел од првото полувреме, до двоен број на поени кај Баскет Кам дојде и капитенот Поп Димитровска (десет), а екипно, веќе имаа 50 реализирани поени.

Освен Американките, поентерска „логистика“ тимот од Крива Паланка доби и од Алексовска и Ѓорѓиевска (заедно 14), за „гостинската“ екипа сепак да остане во игра за добар резултат пред почетокот на второто полувреме.

На крајот на првото полувреме, Баскет Кам – Крива Паланка (50:39).

Екипата од Крива Паланка подобро го отвори второто полувреме. Ја сведе високата негатива на едноцифрена. Во 25.минута заостануваше само седум поени (47:54).

Знак за тренерот Стојановска да побара тајм-аут...

Јасно и поради што, ја снема онаа офанзивна игра на Баскет кам во тој дел од полуфиналето. Закочија девојките од Македонска Каменица на само седум поени за осум одиграни минути во третата четвртина.

Противникот го искористи тоа да се доближи на уште пониски, и достижни (54:57).  Серијата без поени ја прекина Максимовска, која постави (59:54) по 30.одиграни минути

 Мазик делуваше незапирливо во тој дел од играта, дојде до бројката од 20.поени.

Баскет Кам имаше одговор, односно серија од (7-0) за да ја врати позитивата, слична на онаа од првата четвртина (66:54). Но имаше доста за играње, повеќе од шест минути. Период од играта во кој кошаркарките на Крива Паланка немаа намера да се предадат.

Нп останаа без вистинска енергија за минутите на одлука. Во нив многу подобро се снајдоа поискусните кошаркарки на Баскет Кам кои ја сочуваа таа двоцифрена разлика, и се пласираа во големото финале, по четвртти пат по ред.

Имаа пет кошаркарки со десет и повеќе поени. Ги предводеше Зубац, која постигна 21, Димова направи дабл-дабл од 19.поени и 10.скока. Поп Димитровска имаше 17, Кметовска 15,а 12.поени дојдоа од Максимовска

Одличен беше и ефектот на Адамоска, која даде „само“ четири поени. Но дополни со 12.скока, и 12.асистенции.

Кај Крива Паланка, Мазик заврши со 23.поени, МекКала имаше 19, а Алексовска уште 11.поени (седум скока и шест асистенции).

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 - ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Баскет кам 20111 – Крива Паланка      90:70

18.30: Вардар - МЗТ Скопје Аеродром

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SLRrBEyPaSQ?si=SoOXvJkM-dBKrJgc

3.МАРТ (НЕДЕЛА)

16.15: ФИНАЛЕ (пренос МРТ3)