02.03.2024

Баскет Кам 2011 - Крива Паланка 90-70

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2024 – ЖЕНИ: Виктор Петровски: Пресуди првата четвртина!

Екипата на Баскет Кам 2011 ги запре надежите на Крива Паланка за пласман во финалето од државниот Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ со триумф од 90-70.

Шефот на стручниот штаб, Виктор Петровски вели дека пресудна за денешниот пораз е лошата игра во првиот период.

Како што кажав, Баскет Кам влегува како фаворит со два порази до овој натпревар од Купот. Изигравме, дојдовме до пет поени разлика, но немавме сили. Сите девојки дадоа се од себе и тоа е, одиме понатаму. Се фокусираме на лигата на тоа што следува. Мислам дека разликата е тука во првата четвртина 30-11, потоа се враќавме, но на крајот немавме сили. Пресуди првата четвртина што ја отворивме лошо. Ова ќе ни даде сила, мотив и со силен тренинг да стигнеме таму кај што имаме цел во лигата. - истакна Петровски по натпреварот.