02.03.2024 Баскет Кам 2011 - Крива Паланка 90-70 Ново издание на државниот Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ и ново финале за екипата на Баскет Кам 2011. Со убедлив триумф од 90-70 над противникот Крива Паланка во рамки на првиот полуфинален дуел, избраничките на Жаклина Стојановска ќе го чекаат својот утрешен противник од вториот дуел помеѓу бранителот на трофејот, ЖКК МЗТ Скопје Аеродром и Вардар. Мои впечатоци после натпреварот се дека нашата екипа покажа карактер, без разлика што јас сакав да ги поштедам моите играчи, затоа што некако очекувано ни беше да играме финале, но Крива Паланка покажаа една борбеност каде што па и не успеав да ги поштедам играчите и минутажата да ја распоредам на десет играчи. Сепак сум задоволна и покрај тоа што во третата четвртина влеговме малку конфузно. Издржавме и сепак разлика од 20 поени не е мала така што се надевам дека утре нема да ни се повторат некои грешки од денес што се вели елементарни. Моите играчи сепак се спремни за едно големо финале.и се надевам дека утре ќе бидеме победници од дуелот. Моѓеби заморот си го направи своето за малиот пад во вториот дел. Играчите на Крива Паланка, особено странските играчи, влегуваат во добар ритам и се многу експлозивни играчи каде што играта еден-на-еден баш им лежи, а тоа не е така едноставно да се брани, мораме да влегуваме во ротација. Во нашиот тим навистина има квалитетни играч, на сите позиции сме покриени и мислам дека сме единствени во лигата покриени со сите позиции покриени од домашни играчи. Генерално сум задоволна и се надевам дека ќе продолжиме со добар тек, до крајот на првенството, не само на Купот. - Вели Стојановска.