07.05.2021

...

KУП НА МАКЕДОНИЈА: Одредени официјалните лица на турнирот во СРЦ „Кале“

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги одреди и официјалните лица кои ќе се грижат за регуларност на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“.

Првиот полуфинален натпревар, помеѓу екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка, кој стартува денеска, од 14.часот, ќе го судат Митев-Данев и Стоева, додека во улога на делегат ќе биде Бошков.

Три часа подоцна, поточно од 17.часот, вториот полуфинален меч, Баскет КАМ-Вардар ќе го суди судиската тројка: Ѓорески-Петровски-Јакова, а улогата на делегат му е доверена на Анастасијевиќ.

Познати се и официјалните лица за натпреварот кој ќе го даде новиот освојувач на Купот. На теренот во СРЦ „Кале“, во сабота, од 17.часот, ќе бидат Златевски, Крстевски и Јакимовски, чија работа ќе ја контролира Велкоска.