07.05.2021

Славеа убедлив триумф над Крива Паланка (77:56), и утре од 17. часот ќе се борат за нов трофеј

КУП-ЖЕНИ-2021: Бадел 1862 стигна до ново финале

Далеку поискусниот состав на Бадел 1862 ги искористи сите свои предности и стигна до првата планирана цел – финалето во купот „Благоја Георгиевски Буштур“...

БАДЕЛ 1862 – КРИВА ПАЛАНКА          77:56

Кошаркарките на Бадел 1862 имаа далеку подобар старт во првото полуфинале од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ кој стартуваше денеска во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Девојките во „сино-жолта“ комбинација доминирата во однос на противникот од Крива Папанка. По првиот период обезбедија високо водство од (20:6), кое во втората четвртина само го зголемуваа.

По 20.минути игра стигнаа до уште повисоки (37:20), само како најава дека се многу блиску до ново учество во еден финален меч од ова натпреварување.

Дека со право се во оваа „четворка“ девојките од Крива Паланка покажа во третиот дел од играта кој го решија во своја корист (24:19). За да внесат уште поголема натпреварувачаа доза.

Но фаворитот одговори веднаш во псоледните 10.минути во кои го потврди местото во големото финале кое се игра во сабота, од 17. часот.

Стојановска даде 21, а Димова еден поен помалку, а Лазареска уште десет поени во победничката екипа.

Марјановиќ уште еднаш потврди дека е предводин на оваа млада екипа на Крива Паланка. Оствари дабл-дабл од 21.поени и 18.скока, а Алексовска ја дополни со уште 12.