14.02.2019

Купот се одложува!

 

Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден.

Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите.

Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите.