03.10.2023

Нашиот претставник му парираше на поквалитетниот ривал само во првото полувреме...Конечни (107:60) за домаќините од Никозија

Квалификации ФИБА Еврокуп: Евро-премиера за заборав на Феникс 2010

Недозволиво слаба беше третата четвртина на Феникс на премиерното излегување во Европа. Му дозволија на противникот да реализира неверојатни, но вистинити 40 поени, и да доживее пораз кој никој не го посакува

КЕРАВНОС – ФЕНИКС 2010       107:60

Премиера за заборав направија кошаркарите на Феникс 2010 вечерва во Никозоја. На отворањето на натпреварите од групата „Е“ од квалификациите за ФИБА Еврокуот, македонскиот претставник загуби и повеќе од убедливо од домаќинот на овој турнир на кој игра и германскиот Рошток.

По релативно доброто прво полувреме, во кое момците на тренерот Денис Дервишевиќ покажаа дека знаат да играта, се некако се „растури“ по големиот одмор.

Во третата четвртина, макар и во некој фудбалски жаргон, новинарски кажано, на теренот постоеше само една екипа – Керавнос.

Квалитетната петорка на домашниот тим составена од одлични американски кошаркари, веројатно постави и некој иден рекорд на сезоната. Оној според бројот на реализирани поени во една четвртина. Дадоа кошаркарите на Керавнос дури 40. примија само 17, па по ден пауза, мирно ќе го чекаат, извесно, и решавачкиот дуел за првото место во ова друштво, и пласман во главната рунда од ова натпреварување.

За Феникс 2010 пак останува „поправниот испит“, утревечер, исто така од 18.часот, против Рошток.

Вечерва (20.30 часот), нашиот втор претставник во ова натпреварување, екипата на Работнички, го игра својот втор натпревар од „А“ квалификациската група. Во СРЦ „Кале“ во Скопје, за противник го имаат азербејџанскиот Сабах.

КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „Е“ –НИКОЗИЈА

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

Керавнос – Феникс 2010           107:60

Рошток – слободен

4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

18.00: Феникс 2010 - Рошток

Керавнос - слободен

5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)

18.00: Керавнос – Рошток

Феникс 2010 - слободен

 

КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ - СКОПЈЕ

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

Донар – Сабах        72:75

Работнички – Рапид        57:87

3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

Рапид – Донар       69:65

20.30: Сабах – Работнички

4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

СЛОБОДЕН ДЕН

5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)

17.30: Рапид – Санах

20.30: Донар – Работнички