05.10.2023

Нашиот претставник остана без победа на турнирот во Скопје, холанѓаните слават во СРЦ „Кале“ (65:62)

Квалификации ФИБА Еврокуп: И Донар подобар од Работнички

Во натпреварот за „третото место“, екипата на Донар беше подобра од нашиот претставник Работнички

ДОНАР – РАБОТНИЧКИ  65:62

Во натпреварот кој беше само за клупски престиж, двете екипи влегоа доста „релаксирано“. Неоптоварени од важноста на резултатот, како повеќе да мислеа на оние напаѓачки активности. А првиот период од играта му припадна на клубот-организатор.

Работнички се стекна со минимално водство (18:17).

Но во оној втор период, Донар беше екипата коај делуваше доста посигурно во нападот. По забивањето на Мекс, и серијата од (12-4), холанѓаните имаа високи (30:21).

Оној втор дел од оваа четвртина беше уште „посиромашен“ со поени. До крајот на полувремето, за пет минути, двата тима искомбинираа само шест поени, доволно за Донар да го задржи водството (32:25).

Кошаркарска „минијатура“ беше видена во СРЦ „Кале“ во третата четвртина. Двата ривали како да се натпреваруваа кој ќе згреши повеќе. Навистина, и во такви околности, Работнички се доближи, но не успеа и да го преземе водството. Во 28.минута, резултатот беше (38:36). А петте по ред поени го донесоа гостинот од Гронинген на солидни (41:34), за тој период да го завршат со уште поголема позитива (44:35).

Во оној последниот, „црвено-белите“ беа и најефикасни. Дојдоа и до негатива од само три поени (60:57), потоа и (62:59), но не им остана време за комплетно враќање, па мораа да се помират со третиот пораз на турнирот.

На овој натпревар, Трајс постигна 12.поени, Џелетовиќ имаше 11, Ефремовски додаде девет, а Рикиќ и Де Коуси по осум поени.

Сабах го освои Скопје

Инаку победник на групата „А“ која во изминатите три дена се одржување во СРЦ „Кале“ во Скопје е екипата на Сабах. Претставникот на Азербејџан, кој на клупата го предводи нашиот стручњак, Бобан Митев, а му асистира Никола Божиновски го доби клучниот меч на собирот во Скопје.

Во директниот дуел за првото место, Сабах убедливо го совлада романскиот Рапид (90:71). И со максимален скор (3-0), обезбеди премин во следната фаза од ФИБА Еврокупот.

КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ - СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ

ПРВО КОЛО

Донар – Сабах        72:75

Работнички – Рапид        57:87

ВТОРО КОЛО

Рапид – Донар       69:65

Сабах – Работнички         83:81

ТРЕТО КОЛО

Рапид – Санах        71:90

Донар – Работнички        65:62

ТАБЕЛА

1.Сабах         3          3          0          248:224        6

2.Рапид        3          2          1          227:212        5

3.Донар        3          1          2          202:206        4

4.Работнички         3          0          3          200:235        3

Рошток оди понатаму од групата во Никозија

Германскиот Рошток е победник на групата „Е“ во Никозија, а во која се натпреваруваше нашиот втор евро-претставник, екипата на Феникс 2010.

Во решавачкиот натпревар за првото место, германскиот состав славеше со убедливи (93:74), и со максимален резултат се пласираше во квалификациската група, од оној регуларен дел од сезоната.

За потсетување, Феникс 2010 ги загуби двете средби на овој турнир на Кипар. Прво беа поразени од Керавнос (60:107), а еден ден подоцна подобри од нив беа токму кошаркарите од Германија. Рошток победи со (101:72).  

КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „Е“ –НИКОЗИЈА

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД

ПРВО КОЛО

Керавнос – Феникс 2010           107:60

Рошток – слободен

ВТОРО КОЛО

Феникс 2010 – Рошток   72:101

Керавнос - слободен

ТРЕТО КОЛО

Керавнос – Рошток74:93

Феникс 2010 – слободен

ТАБЕЛА

1.Рошток     2          2          0          194:146        4

2.Керавнос  2          1          1          181:153        3

3.Феникс 2010       2          0          2          132:208        2