Од денеска, па во текот на оваа работна седмица, 22. екипи од Европа, ќе тргнат за последните седум места во натпреварувањето кое се нарекува ФИБА Еврокуп.
А меѓу оние 22, две се од Македонија...
По подолго време, Работнички одново е во Европа, макар што за место во главната фаза, „црвено-белите“ ќе се борат на турнирот кои ќе го организираат во Скопје.
Поточно во салата на СРЦ „Кале“ , каде ги играат и своите првенствени натпревари.
Најтрофејниот македонски клуб е дел од групата „А“ во која за првото место (и единственото кое води понатаму) ќе се борат со екипите на Донар Гронинген (Холандија), Рапид Букурешт (Романија) и Сабах од Азербејџан.
Историски „излез“ во вторник навечер, ќе направи и екипата на Феникс 2010. Скопскиот тим испрати пријава за учество во квалификациите на ова натпреварување, а ждрепката ги однесе „фениксовци“ на Кипар, каде во друштво на екипата-домаќин, Керавнос, и германскиот Рошток, кои се дел од групата „Е“, ќе се обиде да направи сензација и обезбеди место во главната натпреварувачка фаза во ФИБА Еврокупот.
Инаку, Македонија е една од трите земји, покрај Кипар и Шведска кои иимаат по два претставници во оваа фаза од натпреварувањето во ФИБА Еврокупот која од 2. до 5.октомври, ќе се игра во седум натпреварувачки групи, од кои само победниците обезбедуваат пласман во наредниот круг од натпреварите.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ - СКОПЈЕ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
2.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
17.30: Донар – Сабах
20.30: Работнички – Рапид
3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
17.30: Рапид – Донар
20.30: Сабах – Работнички
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
СЛОБОДЕН ДЕН
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
17.30: Рапид – Санах
20.30: Донар – Работнички
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „Е“ - НИКОЗИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
18.00: Керавнос – Феникс 2010
Рошток – слободен
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.00: Феникс 2010 - Рошток
Керавнос - слободен
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
18.00: Керавнос – Рошток
Феникс 2010 - слободен