Не им беа доволни на кошаркарите на Работнички и 16.поени „вишок“ кои ги имаа во текот на натпреварот против Сабах, дел од второто коло од квалификациите во ФИБА Еврокупот.
Гостите од Азербејџан, кои од клупата ги предводи македонскиот тренер бобан Митев, а му асистира Никола Божиновски, успеаја да направат вистински играчки, и резултатски пресврт во вторите 20.минути, и да се изборат за шанса со победа во третото коло против романскиот Рапид, да обезбедат место во главната фаза на ова натпреварување.
САБАХ – РАБОТНИЧКИ 83:81
За разлика од премиерниот меч од квалификациите за ФИБА Еврокупот во Скопје, на вториот, кошаркарите на Работнички имаа далеку подобар почеток. Уште во раната фаза од натпреварот, „црвено-белите“ стигнаа и до двоцифрена предност. Веќе по нешто повеќе од осум минути водеа со двојно поголеми (25:11). За тој прв дел од мечот, во кој Џелетовиќ реализираше 11.поени, да го завршат со нешто пониски (25:15).
Одлично ја отворија домашните кошаркари и втората четвртина. Во само две и пол минути направија серија од (8-2), за да стигнат до највисокото водство (33:17). Па тренерот на гостинската екипа, Бобан Митев, едноставно беше приморан рано да „го потроши“ и вториот тајм-аут во полувремето.
Тоа, на „кратки патеки“, донесе резултат, затоа што Сабах „стопи“ дел од високата негатива, намали на (30:37). За сосема спротивно расположение на клупата на Работнички, и нов прекин, по 16.минути од играта, поради тајм-аутот на домашниот тренер.
Сепак, домаќинот успеа да го одбрани тој налет на противникот, и на полувремето да замине со двоцифрен плус (47:37), креиран во голема мерка со помош на Џелетовиќ (заврши со 13.поени), и Де Коуси, кој имаше еден повеќе повеќе во индивидуалната статистика.
Но, по одморот, кошаркарите на Работнички одново влегоа во проблеми со реализација на нападите. Многу потешко го погодуваа противничкиот кош. Сабах го искористи тоа да се доближи на - 4 (52:56). За кратко, домаќините се вратија на солидни (60:52).
Но тука некаде, во 26.минута од мечот, и застанаа со реализациите, па екипата од Азербејџан се погрижи и за вистински резултатски пресврт. Со серијата од 12 поени, без одговор, Сабах го презема водството, по три одиграни четвртини водеше со (64:60).
Тимот на македонскиот стручњак продолжи со добрата игра и во последниот дел. Со мини-серија (7-3) во три и пол минути, дојде до уште повисока предност, (71:63).
Тројката на Трајс ги оддржа надежите дека Работнички може да се врати на 3:20 минути пред крајот, Сабах водеше со (78:70), иако нешто порано имаше и позитива од 13.поени (78:65).
Трајс беше играчот кој му донесе нерешен резултат на својот тим. Погоди уште една тројка за (81:81), и остави 28.секунди за одлука. Следуваше неверојатно забивање на Давенпорт за ново водство, (83:81), а потоа и грешка на најдобриот играч во екипата-домаќин во нападот кој можеше да донесе и победа на Работнички.
Токму Трајс, со 29.поен, беше најефикасниот играч на Работнички, Џелетовиќ застана на 19, исто толку имаше и Де Коуси во поразот кој означи и крај на надевањата за нашиот тим дека може да се бори за првата позиција.
За неа ќе се борат токму Сабах и Рапид, кои запишаа по две победи на собирот во Скопје.
Утре е слободен ден на турнирот, а во третото и последно коло, македонскиот претставник, во четврток, од 20.30 часот, ќе игра против Донар од Гронинген.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ - СКОПЈЕ
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
ПРВО КОЛО
Донар – Сабах 72:75
Работнички – Рапид 57:87
ВТОРО КОЛО
Рапид – Донар 69:65
Сабах – Работнички 83:81
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
СЛОБОДЕН ДЕН
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
17.30: Рапид – Санах
20.30: Донар – Работнички
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „Е“ –НИКОЗИЈА
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
ПРВО КОЛО
Керавнос – Феникс 2010 107:60
Рошток – слободен
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.00: Феникс 2010 - Рошток
Керавнос - слободен
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
18.00: Керавнос – Рошток
Феникс 2010 - слободен