Репрезентацијата на Естонија стигна до изненадувачка победа против Италија од (105:101) и напрваи голме чекор кон местото кое води на Евроабскетот 2022.
Италија – Естонија 101:105 (94-94)
Тимот од Балтикот имаше шанса да победи уште во регуларниот дел. Но ја загубија предноста од 20. поени во последните 10.минути од играта. Италија стигна до егал (94:94), откако последниот период го реши во своја корист со резултат (28-12).
Но во екстра периодот лидерот во групата „Б“ одново влезе во сериај грешки и му даде оргомна шанса на противникот да се пласира на завршниот турнир чиј домаќин е на една од групите
Инаку, одлична втора четвртина имаше Естонија. Пред се, ефикасна. Предводени од скоро непогрешливиот Котцар, реализираа дури 34.поени. И заслужено имаа десет поени предност (54:44) на одморот. Котцар имаше 16 (8/11 од игра) а Трејер уште 13 поени во составот на Естонија
По пет одиграни кола, Италија има ефект (4-1), додека пак Естонија е на половични (2-2) во четири одиграни мечеви
РЕЗУЛТАТИ 5.КРУГ
ГРУПА Б
Италија – Естонија 101:105
МАКЕДОНИЈА – Русија 15.30
ТАБЕЛА
1.Италија 5 4 1 433:400 9
2.Русија 4 2 2 291:276 6
3.Естонија 4 2 2 323:344 6
4.МАКЕДОНИЈА 3 0 3 223:250 3