21.02.2021

Со голем пресврт во второто полувреме, анулиравме -16, и победивме, за прв пат во квалификациите (87:78)

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Македонија има карактер, ја победи Италија, и се избори за „мајсторка“ со Естонија!

Одлично второ оолувреме, едне неверојатне караткер. Најдобри 20.минути во квалификациите. За прва победа во групата „Б“, и што е наважно, со шанса во утрешниот дуел против Естонија, да бидеме дел од 24.учесници на Евробаскетот во 2022 година

 

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА          87:78

Стартот не беше добар. Италија направи (9:2) за две минути. Погодија три тројки противниците. Но во нападот ги имавме Димитријевиќ и В. Стојановски.

Наместо ние да бидеме мотивирани, амбициозни, цврсти во одбраната, ефикасни во нападот, во таа улога денеска се најде нашиот противник – Италија.

Одбраната беше проблематична. Примивме дури 19. поени за нецели пет минути, дадовме 13. Вајли имаше две лични грешки. На клупата за резерви седна Трајковски.  

За прв тајм-аут на Тодоров...

Но не донесе промена во играта на нашата селекција. Италија го зголеми водството на (22:13). Не знаеја да промашат момците во изборот на Мео Сакети. Имаа 6/7 за три поени и и 10/14 од поле во уводните десет минути.

Стигнаа и до двоцифрени (30:20) на истекот на четвртината.

Иако овој меч не им значеше апсолутно ништо во резултатска смисла, аѕурите одиграа како што требаше да играме ние.

Со пет поени по ред, Магдевски најави враќање на нашиот тим во натпреварот (25:32), со помош на Вајли, и уште една негова реализација , бевме на достижна негатива (30:37) по 3:10 минути игра во втората четвртина.

Голема предност им беше што немаа никаков императив. Нивните играчи беа доста релаксирани, шутираа скоро па идеално. Особено за три поени  

 

Се што упатија кон нашиот кош, Италијанците погодија. Без оптоварување во играта, за 15.минути имаа 80% на реализација во путот за три поени. И што е поважно, уште повисока позитива (43:30).

Така беше и некоја минута подоцна, кога се „симнавме“ на (38:50).

По заслуга на одличниот Магдевски, кој собра 15.поени, имаше и три освоени топки во втората четвртина која ја завршивме со минус од 11.поени (41:52).

Каде што застана во првото, Магдевски продолжи во второто полувреме. По неговата нова тројка се доближивме на (46:52). По тројката на Димитријевиќ беше и (49:54).

Ја подигнавме агресивноста во одбраната, но форсиравме, можеби и без потреба, шут за три поени. Но не одеше, не погодуваа ни Стојановски, ниту Трајковски.

Но почна да реализира Вајли, тројка даде и Д. Стојановски, видливо на резултатот (61:63). Му се придружи неговиот брат, Војдан. Можеби утна два-три обиди за три, но капитенот ја погоди четвртата.

За комплетно наше враќање се подружи Димитријевиќ, од центар, за наше водство (67:65).  

Четвртина каква што сакавме пред почетокот на овој меч. Ја добивме со двојно поголеми (26:13).

Уште подобра ја отворивме онаа на одлука. Со одбрана која ја посакувавме, го оставивме противникот без реализација. Нашата серија траеше, до (12-0). Стигнавме до највисокото водство (73:65) по нешто повеќе од две минути игра.

По 20.поен на разиграниот Димитријевиќ, имавме двоцифрена предност (78:68). Потоа и (80:70), на 3:50 минути до крајот.

Сјајното второ полувреме го завршивме на најдобар можен начин. Но со загриженост поради повредата поради која Ненад Димитриејвиќ мораше да седне на клупата порано од планираното.

Дојдовме до толку посакуваниот триумф, па утре пополдне, од 15.часот, во директен дуел со Естонија ќе се бориме за нов настап на едно Европско првенство.

Под услов, Русија да ја совлада Естонија во натпреварот кој следува во Арената „Молот“ во Перм.