22.02.2021

Ги совладавме Естонците, но со недоволна позитива (86:84)

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Победа која не значи и пласман на ЕП

Македонија ја победи Естонија, но нема да игра во завршницата на Европскиот шампионат.

Со слабо прво, и многу подобро второ полувреме успеавме да стигнеме до триумфот. Но не изразен со девет или повеќе поени.

Доволно наместо ние, да се радуваат кошаркарите на Естонија.

ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА        84:86

И во натпреварот на одлука, одбраната беше најголемиот проблем за нашата најдобра селекција.

Не ја поставивме дефанзивата како што треба. Естонците тоа обилно го користеа. Броз поведоа со (23:16), што го натера нашиот селектор да побара тајм-аут. Без некој ефект, затоа што противникот стигна и до двоцифрен плус од десет поени (26:16), а четвртината ја затворивме со еден поен негатива помалку (18:27).

Период од играта во кој веќе имавме седум загубени топки.

Ниту првиот краток одмор не донесе промена во играта, но што е поважно, и во резултатот. Постојано бевме во двоцифрена резултатска негатива. Но поголем проблем беше тоа то игравме слабо во одбраната. Не бевме ништо подобри во нападот, каде практично функционираше само еден играч – Бојан Трајковски, кој реализираше 14.поени

Во еден таков развој на настаните, беше тешко да се очекува некој подобар скор. Напротив, во неколку наврати Естонија имаше предност и од 13.поени (39:26), потоа (41:28), па и (49:36).

Трајковски стигна до 14.поени, но повеќе загрижуваше податокот дека другите стартери, освен Димитријевиќ, кој некако стигна до девет поени, беа под очекуваниот ефект.

До полувреметото, наместо бројот на дадени поени, го зголемивме бројот на загубени топки. Стигнавме до 12, и премногу за еден меч во кој има голем, навистина голем влог – играње на Европското првенство.

Веројатно оној психолошки притисок, на морање си го направи своето.

Во овој натпревар на одлука тргнавме со „хендикеп“ од девет поени, и голем процент на загубена енергија во претходно третите одиграни мечеви во „балонот“, кој сигурно беше и во мислите на нашите кошаркари, а евидентиран „долу“, на теренот, во Арената „Молот“ во Перм.  

Имавме само 21.4% во шутот за три поени, особено битен аспект во нашата игра.

Оној почетен грч во играта како да беше елиминиран во првите минути од третата четвртина. Период од играта во кој со серија од (10-2) стигнавме до достижен минус од само четири поени (50:54).

Но, никако не успевавме да ја пронајдеме онаа наша игра, како на пример, во второто полувреме против Италија. Постојано ја бркавме онаа висока негатива во која влеговме во првото полувреме.

За жал, ја стигнавме дури во финалните минути од последната четвртина, Кога беше јасно дека Естонија, а не Македонија, ќе игра на Евробаскетот во 2022 година.

Ненад Димитријевиќ, нашиот најефикасен и најдобар играч и на оваа средба, погоди тројка за победа (86:84).

Како утеха дека во Перм бевме многу блиску, но не успеавме да го фатиме тоа трето место кое води на Европското првенство догодина.

Одлучувачки беше подобриот меѓусебен скор во дуелите со селекцијата на Естонија. Пред една година, во Скопје, загубивме со Естонија (72:81), а сега победивме во Перм 986:84).

Недоволно да одиме на Европско првенство следната година, кое ќе с еодрѓи во четири различни земји.

ГРУПА Б

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР - 4. КОЛО

Естонија – Македонија  84:86

ТАБЕЛА

1.Италија     6          4          2          511:487        10

2.Русија        6          4          2          460:405                    10

3.Естонија   6          2          3          449:505        8

4.МАКЕДОНИЈА    6          2          4          473:506        8

*Поради подобар скор со Македонија во меѓусебните дуели, Естонија ќе игра на ЕП во 2022 година