Селекциите на Македонија и на Естонија во директен дуел ќе одлучат која ќе биде третата селекција од групата „Б“ од квалификциите, која ќе се пласира на наредниот собир на најдобрите на Стариот континент.
По нашиот прв тримф во квалификациите против Италија (87:78), предмалку, селекцијата на Русија стигна до убедлив триумф над Естонија
Русија – Естонија 75:52
Победа број 4 за рускиот тим, кој се изедначи на табелата со Италија со ист број на бодови (скор 4-2). Но Италија ќе биде прва затоа што ги доби двата меѓусебни натпревари во претходните мечеви од групата.
Помалку важно за нас од фактот дека Естонија остана на скор од две победи и три порази.
Па утре, од 15.часот, во Арената „Молот“ на неутрален терен, ќе бараме пласман на уште едно Европско првенство во нашата историја.
Со оглед на тоа дека загубивме од противникот од Балтикот со девет поени на средбата во Скопје (72:81), во Перм ни е потребна победа од најмалку 10.поени.
ГРУПА Б
Резултати 6.коло
МАКЕДОНИЈА – Италија 87:78
Русија – Естонија 75:52
ТАБЕЛА
1.Италија 6 4 2 511:487 10
2.Русија 6 4 2 460:405 10
3.Естонија 5 2 3 375:419 7
4.МАКЕДОНИЈА 5 1 4 387:422 6
22.ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
15.00: Естонија - Македонија