Сè посложена, сè потешка е задачата на нашата машка сениорска репрезентација да стигне до пласманот на Европското првенство во 2022 година.
По поразот од Италија, денеска, Македонија загуби во пресметката со Русија. И по четири кола сме без ниту еден квалификациски успех.
Во последните две, сега задолижителни се две победи. Втората, против Естонија, и со двоцифрена позитива.
Пред тоа, имаме 24.часа за одмор, за рекуперација и преструктуирање на силите за мечевите на одлука.
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 77:94
Колку игравме добро пред 24.часа со Италија, толку игравме лошо денеска со Русија.
Освен почетното водство од (9:5) кое го имавме во петтата минута од играта, и донекаде играта во наредните четири минути во кои го држевме водството (17:16), сето друго, во оние преостанати 12.минути од првото полувреме, беше за заборав.
Особено во фазата на одбраната. Бевме и премногу инфериорни во скокот, што со шутерската доминација на Русија, нè однесе во уште поголеми проблеми.
До истекот на првата четвртина, домаќинот на турнирот имаше плус 5 (26:21), кое за нецели две минути од втората четвртина го удвои на 10, за прва двоцифрена разлика, (35:25). Немавме одбрана за снажниот Боломбој, кој во пет минути уфрли дури 11.поени.
Не помогна ниту раниот тајм-аут на селекторот Тодоров. Без вистинска организација во нападот, за осум минути од вториот период постигнавме исто толку поени!?
Не одбранивме скоро ниту еден напад на руската селекција која дојде и до огромни (47:29) во 17.минута од играта.
Така беше и на големиот одмор, Русија беше многу далеку од нас (51:33).
Пред сè, благодарение на неверојатната доминација во скокот. Имаа 24.скока, од нив девет офанзивни, повеќе од вкупиот број на нашите скокови – само седум!?
Сето тоа собрано со лошиот напад, во кој како илустрација, нашиот прв поентер пред 24 часа, Димитриејвиќ, првите поени ги даде во 18.минута. А освен Вајли и В. Стојановски кои дадоа по 8, и Трајковски кој застана на еден помалку, немавме други стрелци.
Загубивме еден од нив, Дамјан Стојановски, по само пет минути од играта, кога нашиот стартер се здоби со повреда на скочниот зглоб на левата нога. Па свои минути доби Дамјан Робев (играше малку и на претходниот меч со Италија).
Второто полувреме беше само наш обид да симнеме дел од натрупаната негатива, кој беше неуспешен. Никако не ја најдовме посакуваната игра, која требаше да го поправи впечатокот од прикажаното во првите 20.минути од дуелот во „Молот“ Арената во Перм, која беше и пополнета со околу 30% од капацитетот (2.000 гледачи).
Русија имаше и плус од 23 поени (72:49) во 28.минута. До крајот на третата четвртина бевме во нешто поприфатлива негатива (54:72).
В.Стојановски со 13, и Вајли со 12.поени беа единствените наши кошаркари со двоен број на поени.
Разочарувачки беа оние 13 наши скока, спрема руските 37 во три делови од играта.
А најинтересниот дел од статистиката е оној кој вели дека губевме убедливо, а имавме само три загубени топки за 30.минути.
Во оној последниот, кога стивнаа тие наши обиди за поднослив пораз, селекторот Александар Тодоров му ги даде првите сениорски минути на Виктор Ефремовски (Филип Бакоч остана на клупата).
Следува слободен ден во „балонот“ во Перм, и тоа како добредојден за нашиот национален тим во обидите, оние два, прво со Италија, потоа и со Естонија да стигнеме до целта која беше поставена уште пред почетокот на овие квалификации – Евробаскетот 2022.
Таму е Русија, селекција за која ова беше третата победа во квалификациите, втора против нашата.
РЕЗУЛТАТИ 5.КРУГ
ГРУПА Б
Италија – Естонија 101:105
МАКЕДОНИЈА – Естонија 77:94
ТАБЕЛА
1.Италија 5 4 1 433:400 9
2.Русија 5 3 2 385:353 8
3.Естонија 4 2 2 323:344 6
4.МАКЕДОНИЈА 4 0 4 300:344 4