По четири одиграни кола од квалификациите, познати се уште две национални селекции кои може да се пофалат дека ќе бидат дел од Евробаскетот кој треба да се одржи 2022 година.
Откако Хрватска стигна до максимален ефект, место на Европското првенство обезбедија уште две репрезентации.
Покрај четирите домашни репрезентации, Чешка, Германија, грузија и Италија, на Евробаскетот ќе се појават и репрезентациите на Босна и Херцеговина и на Грција.
Откако БиХ ја совлада Летонија, а Грција, во продолжението од пет минути, беше подобра од Бугарија, по четири одиграни кола имаат недостижен ефект, три победи и еден пораз.
Нивните ривали во групата „Х“ пред последните две кола имаат (1-3), недоволни за да дојдат до ефектот на ривалите во ова друштво.
А по одигрувањето на денешните натпревари, можно е на оваа репрезентативна група да им се придружат уште неколку национални тимови.
Во групата „А“, Ако Израел ја победи Полска, а Романија загуби од шпанија, ќе биде на Европското првенство. Слично е и ако Полска го победи Израел, а Романија загуби од „црвената фурија“, која исто така е блиску до друштвото на најдобрите.
Синоќа, со победата на Австрија, кошаркарите на Словенија се на дофат на Евробаскетот. Тоа може да го потврди Украина, под услов да биде подобра од Австрија, која ги загуби сите шанси за пласман на смотрата на најдобрите европски селекции во 2022 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ДЕНЕСКА:
ГРУПА А
16.30: Израел - Полска
19.30: Шпанија - Романија
ГРУПА Б
15.00: Русија – Италија
ГРУПА Е
15.00: Швајцарија – Грузија
18.00: Србија - Финска
ГРУПА Ф
17.10: Украина - Австрија