Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби убедливо на гостувањето во Белгија. Изразитиот фаворит ја оправда таа улога и стигна до триумф за нив втор во квалификациите.
БЕЛГИЈА – МАКЕДОНИЈА 112:41
Преимпресионирани тргнаа нашите кошаркарки во овој натпревар во Ловен. Се чини дека преголем респект покажаа кон селекцијата која важеше за фаворит, осоено во воведите минути во кои Белгија брзо воспостави доминација, и тоа на двата краја од теренот.
Македонија своите први поени на средбата ги постигна во седмата минута, преку Стојановска, кој го погоди и дополнителното слободно фрлање.
Во отсуство на капитенот Анџелика Митрашиновиќ, потоа и Едина Муса, и без вистински организатор на играта, имавме проблеми во организацијата на нападите. Расположениот противник знаеше тоа да го искористи максимално. Уште во првата четвртина да направи голема разлика (25:3), потоа и (31:3), за Лискенс да погоди за три поени и постави уште повисоки (34:3).
Во втората четвртина, одигравме малку подобро во нападот. Ја поправивме реализацијата, но загубивме (пре) голем број на топки (вкупно 16), поради што Белгијките ја зголемија својата и онака висока позитива.
На полувремето водеа со (57:16). Антиќ и Стојановска реализираа по шест поени, Николиќ и Адамовска по два за нашата селекција.
Без промени во играта и во резултатот се играше и во продолжението на натпреварот. Домашната селекција не се задоволи со убедливата предност, на истек на третиот период Белгија водеше и со (76:26).
Освен Антиќ и Стојановска, погодија и Хемпе и Кметовска, но во белгиската селекција имаше дури пет кошаркарки со двоцифрен број на поени. Ги предводеше нивниот лидер, Ема Месеман која во три одиграни четвртини комплетираше 15.реализации.
На крајот. Антиќ дојде до 15.поени, Стојановска имаше 14, но изостана поенерска поддршка за нив од соиграчите.
Претходно, во првиот натпревар од групата „А“, Германија беше доминантна против селекцијата на БиХ. Славеше со убедливи (97:58), за втора победа во квалификациите, и прв пораз на Босанките во три одиграни кола.
Веќе во недела, нашите девојки ги чека уште едно сериозно искушение. Во Скопје доаѓа се чини уште посилната репрезентација на Германија. Натпреварот е закажан од 19.часот, во салата на СРЦ „Кале“.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023 – ЖЕНИ
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Германија – БиХ97:58
Белгија – МАКЕДОНИЈА 112:41
ТАБЕЛА
1.Белгија 3 2 1 277:183 5
2.Германија 3 2 1 225:183 5
3.БиХ 3 2 1 225:183 5
4.МАКЕДОНИЈА 3 0 3 146:265 3
ИДНО КОЛО (27.НОЕМВРИ)
16.15: Белгија - БиХ
19.00: МАКЕДОНИЈА – Германија