12.02.2023

Победникот во нашата група ги оправда сите свои квалитети, стигна до убедливи (102:43), сосема коректни две четвртини на нашите девојки

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023-ЖЕНИ: Белгија е сепак, некое друго, светско ниво

Премногу импресионирани влегоа нашите кошаркарки во овој последен натпревар од квалификациите за ЕП 2023. Белгија покажа дека е светскат велесила во женската кошарка, стигна до очекувано висока победа со која ја потврди својата класа. 

МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА           43:102

Секоја чест на Белгијанките, кои од првата минута максимално професионално го одработуваа својот дел до задачите. Но евидентно беше во играта на нашата селекција токму тој, и превисок респект од големината на противникот.

Долго време ја баравме играта во нападот, повеќе од шест минути не успевавме да поентираме. Од друга страна топ-фаворитот во нашата група, а веројатно и на наредниот Евробаскет, веќе беше далеку од нас.

Имаше Белгија 23 неодговорени, од наша страна, поени.

Тројката на Трајчевска го прекина тој „празен од“ на нашата селекција, до крајот на првиот период гостинките имаа и повисоки (28:5).  

Уште еден исто така важен податок, уште во раната фаза од дуелот во СРЦ „Кале“ капитенот Митрашиновиќ запиша три лични грешки.

Во втората четвртина, кога видоа дека можат, нашите кошаркарки го покачија и процентот на реализација, но и бројот на поени. Далеку подобро функциониравме во нападот, а релативно добро се справувавме и со физички доминантните кошаркарки од Белгија, во преден план, Линскенс, Мејси и пред се, Месеман.  А селекторот на Белгија Рашид Мезиане веќе ги изротира сите 12 кошаркарки кои ги имаше на располагање.

Во продолжението далеку порамноправна беше играта на теренот, макар што Белгија продолжи со ефикасната игра. Но за разлика од првите десет минути, нашите двојки играа доста послободно во офанзивниот сегмент, и релативно добро парираа. На истекот на третата четвртина гостинската селекција водеше со повисоки (69:32).

Без промени се одвиваше играта и во четвртиот период, во кој само стигна потврдата за светската класа која ја има овој состав на Белгија, кој без никакви проблеми стигна петтата победа во шест одиграни натпревари во „А“ квалификациската група, и до место на следниот европски самит на најдобрите женски селекции кој во 2023 година ќе се одржи во Израел и во Словенија.

капитенот Митрашиновиќ реализираше 15 поени (и шест скока и две асистенции) Антиќ дополни со десет поени, Трајчевска даде осум, Стојановска имаше четири на разделбата од евро-квалификациите. 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – Белгија 43:102

20.00: БиХ - Германија

ТАБЕЛА

1.Белгија     6         5          1          548:330        11

2.Германија            5          3          2          343:299        8

3.БиХ 5          2          3          351:408        7

4.МАКЕДОНИЈА    6          1          5          304:503        7