Македонската женска сениорска репрезентација ги одигра своите најдобри, 20-25 минути во квалификациите за ЕП 2023, но и тоа не беше доволно да се стигне до сензационалне резултат, да се победи против Германија.
МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА 47:71
Одлично им париравме на Германките од самиот почеток на средбата. Делувавме доста рамноправно, коректно во одбраната, трпеливо во нападот,
Имавме само поен неагатива во петатта минута (12:13), по реализацијата на Хемпе. Но во наредните две Германија погоди две тројки, и поведе со (18:12). Доволно за наш прв тајм-аут...
И четири наши поени, за затворање првата четвртина, со сосема солидни (16:18).
Во онаа наредната, следуваше и нашите, веројатно најдобри десет минути во овие кбвалификации.
Едно нова Македонија се појави на теренот во СРЦ „Кале“.
Уште пошестоки беа во дефанзивата нашите девојки од што произлезе и повисок процент на реализација во нападот.
Одлично функционираше нашиот нов адут, Мерит Хемпе, која беше и најзаслужна што во финалните четири минути од четвртината успеаме да се одвоиме од егал резултатот.
Поведовме со (29:25), потоа со 32:25), за по тројката на Хемпе (нејзин 13.поен во првото полувреме), Македонија изгради и највисоки (35:27), со кои се замина на големиот одмор.
Она што го градевме во првото полувреме го чувавме седум минути во третиот период. Во онаа наредната фавориот стигна до нерешен скор (41:41),а веќе во наредниот напад и во водство од (44:41), кое со тројка го анулираше видно мотивираниот капитен на нашиот тим, Трајчевска.
Сепак, во четвртината на одлука, Германија влезе со минимално водство (46:44).
Во неа „брзи“ (6-0) на Германките, за зголемување на предност (52:44), и нова минута одмор за нашиот стручен штаб предводен од Александар Ашаданов.
Тука дојде од израз квалитетот на германската селекција во која беа „разиграни“ неколку кошаркарки. За мошне кратко време противникот „побегна“ на двоцифрени (57:46), а потоа на нецели четири минути до крајот, имаше и (62:46).
Се покажаа како доволни да побегнат од најавената сензација во Скопје.
Претходно, во првиот натпревар од групата „А“, селекцијата на Белгија беше убедлива и против БиХ (100:60), па по четири одиграни кола го дели првото место заедно со Германија (скор 3-1). Следува БиХ (скор 2-2), ние ја чекаме првата победа во квалификациите.
Шанса за тоа ќе имаме во февруарскиот ФИБА „прозорец“ во дуелите со БиХ на гостински и Белгија на домашен терен.