Најавија подобра игра во однос на она апретходната (од пред некоја вечер во дуелот со Украина), но нашите сениорки беа далеку од поволен резултат и на вечерашниот натпревар во кој за противник ја имаа репрезентацијата на Португалија.
Гостинките доминираа во сите аспекти на кошаркарската игра, ние останавме без одговор, пред се на нивната доста агресивна дефанзивна поставка. Моравме да се помириме со уште една неуспешна игра, четвртта во овој квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 43:76
Позитива до десет поени во првите десет минути направија гостинките од Португалија. Поведоа со (22:12) во првио дел од играта, во кој половина од поените на нашата селекција беа дело на капитенот Митрашиновиќ.
На спротивната страна, доминираше Кореира, стрелец на десет поени за исто толку одиграни минути.
И во продолжението од играта тешко се справувавме со агресивната игра на противникот. Освен тоа Стојановска и Хемпе беа надвор од некој шутерски ритам (комбинирано 0/9 во шутот од поле), во офанзивата повторно бевме ограничени на креациите, односно индивидуалните квалитети на Митрашиновиќ.
По шест минути играње во вториот период, Португалија имаше повеќе од двојно поголема позитива (33:16), знак за селекторот Ашаданов да искористи уште еден тајм-аут. Без сериозни промени на двете странаи од теренот, од причина што противникот ја одружуваше таа висока предност која во последната минута од првото полувреме беше и повисока (41:22).
Освен Митрашиновиќ, која дојде од осум поени, следна во тој дел беше Трајчевска, која постигна шест во првиот дел од играта.
По одморот скоро идентична слика на теренот. Очигледно беше дека Португалија има поквалитетен ростер од Македонија, што и со секоја одмината минута го потврдуваше на паркетот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Во 27.минута, гостинската селекција поведе и со уште поголеми (56:28), за потврда на квалитетот кој ги донесе од триумф на гостувањето во нашиот главен град.
За нив трет во квалификациската група „Г“, за нас пак ова беше четвртти пораз, во исто толку одиграни натпревари.
Во следното петто натпреварувачко коло кое ќе се игра во февруари следната 2025 година, на 6.февруари, Македонија има гостување во Србија, а некоку дена подоцна, на 9.февруари, и во Украина (веројатно во главниот град на Летонија, Рига).
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025 – ЖЕНИ
ГРУПА „Г“
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Португалија 43:76
20.30: Украина - Србија
ТАБЕЛА
1.Португалија 4 3 1 256:229 7
2.Србија (-1) 3 3 0 256:137 6
3.Украина (-1) 3 1 2 201:209 4
4. МАКЕДОНИЈА 4 0 4 204:342 4