11.11.2024

Вечерва (18.часот), во СРЦ „Кале“, нашите најдобри кошаркарки ќе се обидат уште еднаш да дојдат до посакуваната цел – триумф

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025 – ЖЕНИ: Португалија - последна шанса за прва, за „домашна“ победа

Во рок од три дена нашата женска сениорска репрезентација ќе има уште една шанса да стигне до она што го бара низ оваа квалификациска трка за пласман на Евробаскетот 2025 година, да дојде до победа во групата „Г“, како награда за вложениот труд во изминатиот период.
Засега, зад тимот на селекторот Александар Ашаданов се три неуспешни игри, последната дојде на домашен терен во СРЦ „Кале“ каде доста подобра од нашата беше селекцијата на Украина.

Селекторото Ашаданов беше и остана убеден дека тоа дефинитивно не е најдоброто од неговите избранички, и дека тоа ќе мора да го „поправат“ во она што следува.

А тоа е вечерашниот дуел ротив репрезентацијата на Португалија, која исто така не може да се пофали со некоја добра игра пресентирана на гостувањето во Белград, каде загубија убедливо од топ-фаворитот во оваа конкуренција, селекцијата на Србија.

Закажан е за 18.часот, одново во „базата“ на нашите национални селекции, салата на СРЦ „Кале “ во Скопје. Тоа ќе биде и последното наше „домаќинство“ особено ако се земе в предвид дека во оној февруарски ФИБА „прозорец“ нашите девојки ги очекуваат две гостувања, во Србија односно во Украина (најверојатно таа средба ќе се игра во главниот град на Летонија, Рига каде Украинките се во улога на домаќини).

Нема да биде лесно да се дојде до посакуваното, особено ако се земе в предвид прикажаното на дуелот со селекцијата на Украина.

Капитенот Митрашиновиќ и Хемпе ќе мора да добијат многу поголема помош од соиграчите во обидите да бидеме подобри од Португалките кои стигнаа до победата на првиот меч во Матошинос, реализирана во последната четвртина од тој натпревар, игра која беше и потстрек повеќе за девојките во „црвено-жолта“ комбинација да размислуваат и за нешто повеќе во овие квалификации.

Иако во Скопје доаѓаат со нешто изменет ростер, извесно е дека Португалија е селекција која има поголем квалитет, и статистички гледано, треба да е многу поблиску до двата бода со кои би останале во трката за позицијата број 2 која води на Евробаскетот наредната календарска година.

Во просек реализираа(т) по 60.поени 9ние 53.7) имаат многу повеќе скокови (44 спрема нашиот просек од 28), но и поголeм број на успешни додавања (14.3 спрема 11.3).

Ние имаме подобра реализација во обидите вредни по два поени (44.7% во однос на оние скромни 32.7 на вечерашниот противник, како и оние се сметаат по еден поен (78.3% спрема 60%).

Но и многу послаба реализација за три поени само 19.6% на досегашните три средби (Португалија има солидни 30.2%).

Јасно е дека играта на нашиот женскки сениорски тим во многу ќе зависи од Анџелика Митрашиновиќ, која е на просечни 19.поени по натпревар, додека нашата одбрана ќе треба да внимава на Лаура Фереира која дава во просек по 12.5 поени.   

Митрашиновиќ е и нашиот најдобар додавач, има во просек по 5.3 успешни додавања до соиграчите, на другата страна од теренот е Сореиро со шест.

Во оној дефанзивен сегмент ја имаме Мерит Хемпе која има просечни 6.5 скока по натпревар, од друга страна одбраната на Португалија зависи од нивнито најдобар скокач, Марија Костуркова која во просек остварува по десет скока.

Но како ќе биде на крајот, ќе покажат, односно останува да видиме во оние задолжителни 40.минути на паркетот во „Кале“.

Влезот во салата и за овој натпревар е слободeн, ќе биде прeнесуван на спортскиот канал Sport Klub 10HD, како и официјалниот Youtube канал на ФИБА.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025 – ЖЕНИ

ГРУПА „Г“

ДВОЈКИ 4. КОЛО (10.НОЕМВРИ)

18.00: МАКЕДОНИЈА – Португалија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/s5ufyiz4zHc?si=JUY3eaLQchxwZ2u-

20.30: Украина - Србија

ТАБЕЛА

1.Србија       3          3          0          256:137        6

2.Португалија  3             2            1          180:186        5

3.Украина    3          1          2          201:209        4

4. МАКЕДОНИЈА    3          0          3          161:266        3