Женската сениорска репрезентација на Македонија го забележа третиот пораз во квалификациите за Евробаскетот 2025, откако вечерва загуби убедливо од селекцијата на Украина.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 49:98
Во шест минути од играта, Украинките направија почетна предност од (17:9), што го натера селекторот Александар Ашаданов да го „потроши“ првиот тајм-аут на натпреварот.
До истекот на првата четвртна, физички доминатната Украина направи и двоцифрена разлика (23:13). Период од играта во кој Митрашиновиќ реализираше осум, а Хемпе додаде уште пет поени, а заврши со повисоко водство за противникот (26:13), кој во тој воведне дел оствари скокачка предност, (15. спрема 6. скока).
Двојна беше предноста на Украина и на половина од втората четгвртина (34:17). Дел од играта во кој поентерски се натпреваруваа Митрашиновиќ од едната, и Јагупова од другата страна на игралиштето.
Не успевавме да ја пробиеме високата, и пред се, цврста одбрана на украинската селекција во тоа прво полувреме во кое Украина се одвои и на (49:21), кога се играше 19.минута од натпреварот, потоа и (52:23).
Период во кој, би се рекло и очекувано, Јагупова го предводеше својот тим со 16.реализации, но имаше „логистика“ поентерска, Балабан, која ја следеше со 12, и Уро-Нили која дојде до 10.поени.
По поените на Милица Николиќ (нејзината сестра Матеја остана на клупата пораид повреда), намаливме на (26:52), резултат со кој се замина на големиот одмор.
Митрашиновиќ и Хемпе собраа по десет поени, а во листата на стрелците во тој дел од играта „влегоа“ Николиќ, Селцова и Кметовска (по два поени).
Јасно беше дека за „нешто повеќе“ во второто полувреме на Митрашиновиќ и Хемпе ќе им биде потребна помош во оној офанзивен дел. Но не успеаа нашите девојки да дојдат до едно такво решение.
Украинките немаа намера да попуштат во одбраната, растеше нивната предност и во оној трет дел од играта во кој појдоа и до уште поголема позитива (72:33), како што беше резултатот во 27.минута.
По 30. минути, Украина дојде до (79:33), за комплетна потврда на супериорноста на овој натпревар, во кој Митрашиновиќ даде 17, плус седум скока и пет успешни додавања, Хемпе заврши со 16.поени (и пет скока), Стојановска помогна со шест.
За неколку дена, поточно во недела, на истото место, во СРЦ „Кале“, во истиот термин, 18.часот, нашата најдообра женска селекција ќе игра против репрезентацијата на Португалија.
Во вториот вечерашен натпревар од групата „Г“од квалификациите за ЕП 2025, во Белград, селекцијата на Србија убедливо ја порази Португалија (71:37) за максимален ефект по три одиграни кола.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025 – ЖЕНИ
ГРУПА „Г“
РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТО КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Украина 49:98
Србија – Португалија 71:37
ТАБЕЛА
1.Србија 3 3 0 256:137 6
2.Португалија 3 2 1 180:186 5
3.Украина 3 1 2 201:209 4
4. МАКЕДОНИЈА 3 0 3 161:266 3
ИДНО КОЛО (10.НОЕМВРИ)
МАКЕДОНИЈА – Португалија
Украина - Србија