Уште еднаш, пошетокот на една квалификациска трка за противник во Скопје ни ја носи Естонија.
Репрезентација, која извесно, многу не задолши особено во последните четири години. И со која „војуваме“ скоро постојано, барем во последно време.
Така ќе биде и вечерва од 19.часот, во СРЦ „Кале“, каде македонија е одново во улога на домаќин на Естонија, во обид да стигне до прва, и тоа како важна победа за успешно отворање на квалификацискиот циклус во кој следуваат и натпревари со друготе репрезентации кои се дел од групата „Х“, топ-фаворитот Литванија, и еден од ко-домаќините на наредниот Евробаскет, селекцијата на Полска.
Пред неколку години, Ненад Димитријевиќ, тогаш доста (по)млад и со многу помало искуство, паметиме, имаше феноменално второто полувреме против балтичката селекција, но тоа, за наша жал не беше доволно да го поништи ефектот на Кристиан Куламае на спротивната страна на теренот, онаа естонската која ја однесе во Талин драгоцената победа.
Време ли е нашите најдобри кошаркари да ги „наплатат“ тие стари долгувања, и да потврдат дека Македонија може да дојде до место кое води на собирот на најдобрите 24. европски селекции?
Ненад Димитријевиќ, во периодот кој е одамна зад нас, се промовира како лидер на тимот кој треба да биде Македонија во годините кои следуваат. Да го заземе местото, на условно кажано „постарите“...
А вечерашниот дуел во Скопје, е мотив плус за ново докажување, и негово и тимско. Влогот е сериозно висок, голем, како и да се каже...
„Доста добро ги знаеме квалитетите на Естонија, силна репрезентација, со евролигашки играчи. Но мислaм дека сме спремни за тој натпревар. Не сакаме да ставаме некој преголeм притисок токму за тој натпревар, затоа што после тоа следуваат уште пет натпревари. Знаеме дека е многу важно да го ‘заштитиме’ домашниот терен. Ќе се обидеме да дојдеме до победа на тој премиерен меч во квалификациите“ – вели кошаркарот на Уникс Казан.
Како, веројатно нашиот најдобар кошаркар, во овој момент, гледа токму на тој „притисок“ кој доаѓа од „надвор“ односно од јавноста, па и веројатно полно гледалиште во СРЦ „Кале“ кое се очекува вечерва од 19.часот.
„Сето тоа е добро. Но би рекол дека, понекогаш, тие очекувања се и нереални. Живееме во некои други времиња. Ние сме некоја друга генерација. И мислам дека ние тоа треба да го почувствуваме како поддршка, и навивачите да го направат тоа, за ние да го почувствуваме тоа како поддршка а не како некој притисок“ – смета нашиот организатор на играта пред премиерата во евро-квалификациите.
Како увертира на вечерашната средба во СРЦ „Кале“, синоќа се одигра и првиот меч од групата „Х“. Во Вилнус, по израмнетото прво полувреме, Литванија заигра во рамките на своите можности, и убедливо, со (83:64) ја совлада Полска, нашиот нареден ривал во овие квалификации.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025
ГРУПА „Х“
РЕЗУЛТАТИ - ПРВО КОЛО
19.00: МАКЕДОНИЈА – Естонија
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
Литванија – Полска 83:64
ТАБЕЛА
1.Литванија 1 1 0 83:64 2
2.Полска 1 0 1 64:83 1
3.МАКЕДОНИЈА - - - - -
4.Естонија - - - - -