Можеби не ја крунисавме добрата игра со победа пред некоја вечер во СРЦ „Кале“ против Естонија. Да, Естонците ни се провлекоа, но Пољаците дефинитивно не...
Во една од најдобрите изведби во последните неколку години, особено на гостински терен, Македонија ја прегази Полска, во Сосновиец игравме како по ноти, славевме убедливо. За прва победа во грушата „Х“ пред следниот, ноемвриски ФИБА прозорец во кој нè чекаат два натпревари со топ фаворитот во ова друштво – Литванија.
ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА 71:96
Дамјан Стојановски беше човекот кој даде дополнителна енергија во играта на нашиот национален тим од самиот почеток на средбата во Сосновиец. За кратко време искусниот бек собра седум поени, го следеше Хап, со осум реализации, кои со помош на Димитријевиќ направија серија од (10-0), доволно за наше водство од (19:14).
Кога на сето тоа, дојдоа и поените на Димитријевиќ, до истекот на првиот период Македонија изгради уште повисока предност (25:16).
Со четирите поени, по два на Димитријевиќ и Магдевски, имавме уште поголеми (29:16) на почетокот на вториот период.
Нов добар момент во нашата игра во нападот беше „појавувањето“ на Маслинко. Реализираше високото крило пет поени во серија, за да го чуваме двоцифреното водство (39:27), кое го имавме во 15.минута од играта. По неговиот седми поен во четвртината, водевме и со (41:30).
Навистина, имавме проблеми како да го сопреме Михалак, кој имаше 15.реализации, потоа и Соколовски (собра десет поени) на спротивната страна. Но имавме и одличен напад. Стигнавме и до бројката од 45 поени. Но до истекот на првото полувреме, Пољаците анулираа дел од негативата, намалија на (38:45). Но расположениот Димитријевиќ имаше малку поинакво размислување, положи за (47:38), за да ја задржиме позитива од првата четвртина и по 20.минути игра.
Период во кој Димитријевиќ веќе имаше 19.поени, Хап 10, но и добра поентерска „логистика“ добивме од Маслинко и Д. Стојановски (двајцата по седум поени). Со забелешка дека поради силен удар во бутниот мускул, по нецела минута помината на теренот, останавме без помошта од капитенот Војдан Стојановски,
Уште подобро го отворивме второто полувреме. Направивме убава серија од (14-4), за да се стекнеме со највисоката предност од 19 поени (61:42), која ја имавме во 25.минута.
За кратко, затоа што по далекуметната тројка на Димитријевиќ имавме и плус 22 (66:44). А таа феноменална четвртина ја завршиме со парцијални (22-12) за големи (69:50) на влезот на последната.
Со нешто поголема доза на нервоза го почнавме тој период, решавачки. За само минута и половина, Полска направи серија од (7-0) за да се доближи на (57:69).
Имавме „одговор“, наша серија од осум поени (три на Димитријевиќ и Ѓуроски, и два од Хап), за одвојување на позитива од 20.поени, (77:57).
Не застанавме, а Ѓуроски стана третиот „двоцифрен“ играч во нашиот национален состав, кој имаше и повиски (79:57), во среднишниот дел од последната четвртина.
Спас за Полска, едноставно немаше. Тешко се победува една ваква, феноменална Македонија!
Убав момент за големо славење, момците кои ги предводи Александар Јончевски, го заслужија тоа.
Нова изворедна партија на Ненад Димитријевиќ. Ја круниса нашиот репрезентативен бек со реализација на 32.поени, осум асистенции и осум скока. Хап имаше 19.поени и седум скока, пет освоени топки, и пет додавања. Ѓуроски застана на 17.поени, а Маслинко додаде уште десет за комплетирање на одличното наше издание во Сосновиец.
Ќе го паметиме, и тоа долго!
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025
ГРУПА „Х“
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Полска – МАКЕДОНИЈА 71:96
Естонија – Литванија 65:59
ТАБЕЛА
1. Естонија 2 2 0 139:128 4
2.МАКЕДОНИЈА 2 1 1 165:145 3
3.Литванија 2 1 1 142:129 3
4.Полска 2 0 2 135:179 2
ИДНО КОЛО (21.НОЕМВРИ)
Македонија – Литванија
Полска - Естонија
Раководството на федерацијата во друштво со претседателот на ФИБА Европа
Вечерашниот натпревар од второто квалификациско кол од групата „Х“, во Сосновиец, против домаќинот Полска, раководството на нашата федерација ќе го проследи во друштво на првиот човек на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса.
Престојот во овој полски град, раководните луѓе на Македонската кошаркарска федерација го искористија за дополнително унапредување на одличните релации со Хорхе Гарбахоса, кој од пред извесно време беше именува за претседател на ФИБА-Европа.