Повторно Македонија нема да биде во комплeтeн состaв за едeн натпревар кој има големо значење.
Вечерва, одново во еден комбиниран тим во кој ќе ги немаме, веројатно и нашите најдобри играчи не смао во оваа квалификациска трка, ќе му се спротивставиме на извесно, најквалитетниот тим во нашата квалификациска група – Литванија.
Нашиот стручен штаб предводен од селекторот Александар Јончевски, и неговите помошници Никола Велев и Александар Јованчев, не може да смета на нашиот најдобар стрелец, Ненад Димитријевиќ, кој има евролигашки обврски со неговиот нов клуб, Олимпија од Милано (натпревар против Макаби од Тел Авив), но и најдобриот скокач, Етан Хап, кој е во фаза на рехабилитација, и не може да им помогне на своите репрезентативни колеги, веројатно и на оној наредниот, гостувањето во Клаипеда (мечот е закажан за 24.ноември). Надвор од тимот (поради несанирана повреда) е и резервниот разигрувач Андреј Магдевски.
Бојан Крстевски е еден од нашите најстандардни репрезентативци во изминатата деценија, и е максимално подготвен е да влезе во борба со момците од Балтикот:
„Нė очекува тежок двомеч со Литванија. Добро знаеме дека се работи за исклучително силна репрезентација, но од друга страна противникот има нов селектор и сигурно ќе има многу нови работи. Ние ќе играме со изменет состав во однос на претходните натпревари бидејќи недостасуваат голем број играчи. Но ни оостанува да одиграме максимално одговорно на домашен терен, а потоа ќе размислуваме за вториот дуел“ – вели во воведот нашиот крилен играч.
Проблеми, „предизвикани“ поради несредениот календар на релација ФИБА-Еввролига, има и противничката репрезентација. Нивниот нов селектор Римас Куртинаитис, состави ростер во кој доминираат играчи од литванскиот шампионат, но ги нема „евролигашите“ од нивниот најпознат клуб, Жалгирис од Каунас.
Анализите во овие претходни четири дена се направени, како што констатира Крстевски, на ред се првите 40.минути од двомечот со големиот фаворит во групата „Х“.
Моменталниот изглед на табелата вели дека по двете одиграни кола во февруарскиот „прозорец“ Македонија и Литванија имаат половичен биланс, по една победа и еден пораз. Лидер е Естонија со две победи, додека Полска е последнопласирана со два порази (но и обезбеден директен пласман на Евробаскетот, поради тоа што е ко-домаќин на собирот на најдобрите европски кошаркарски селекции).
„За Литванците, знаеме дека доаѓаат со изменет состав, претежно со играчи од домашното првенство, бидејќи и кај нив евролигашите не им се достапни. Стручниот штаб направи анализа, ги знае добрите и лошите страни на противничките кошаркари и мислам дека тоа ќе ни биде од голема корист“ - вели еден од најискусните во нашиот репрезентативен состав, пред вечерашниот дуел, стартува од 18.часот, ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со директен пренос на Sport Klub 4HD.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025
ГРУПА „Х“
ДВОЈКИ 3.КОЛО
18.00: МАКЕДОНИЈА – Литванија
18.00: Полска – Естонија
ТАБЕЛА
1.Естонија 2 2 0 139:128 4
2.МАКЕДОНИЈА 2 1 1 165:145 3
3.Литванија 2 1 1 142:129 3
4.Полска 2 0 2 135:179 2