24.11.2024

Сосема друга слика во Клаипеда, но искодот ист - пораз од фаворитот (72:94), и само теоретски шанси за пласмaн на Евробаскетот

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025: Ненад Димитријевиќ е „мастерклас“ - недоволно Македонија да ја изненади Литванија!

Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра одличен меч на гостувањето во Клаипеда против Литванија, но тоа не се покажа како доволно за да стигне до изненадувањето.

Како недоволна се покажа и маестралната игра на Ненад Димитријевиќ, заокружена со помалку нереални, но вистинити 43.поени, од причина што за „нешто повеќе“ од добра игра, ни требаше и многу поголем ангажман на неговите соиграчи.  

По четири одиграни кола во групата „Х“, сега сме на скор (1-3), во февруари, наредната година, следува разврската.

ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА     94:72

Четвртина за паметење одигра Ненад Димитријевиќ во Арената „Швитурис“ во Клаипеда. Во десет минути реализираше нашиот најдобар кошаркари дури 18.поени (и четири асистенции). А во еден момент имаше ист број на поени како и домашната селекција, што доволно говори за „работата“ на нашиот репрезентативен бек на почетокот од ова тешко гостување на Балтикот.  

Што е поважно ја имавме контролата над играта, но и над резултатот, и тој прв дел од играта го добивме во наша корист со (27:23).

Само еднаш, и тоа на почетокот на втората четвртина, Литванија поведе (29:27).   

Она што беше исто така многу важен момент, е што продолживме со добра игра и без Димитријевиќ на теренот. По четирите поени на Стајиќ и положувањето на Крстевски (негов петти поен во вториот период), Македонија направи серија од (9-2), одново се одвои, сега на (36:30), и по само четири минути игра во втората четвртина го натера литванскиот селектор Римас Куртинаитис да го „потроши“ и вториот тајм-аут.

Славниот Литванец, поедноставно кажано, го „изреди“ сите свои бекови во дефанзивата, но тоа слабо им одеше, затоа што Димитријевиќ продолжи да го полни кошот. Дојде до бројка од 25.реализации, доволно за да го одбие новиот напад на литванската селекција која во меѓувреме дојде и до нерешени (40:40).

Но тука не ѕастана нашиот најдобар играч, полувремето, веројатно најдоброто на еден наш кошаркар во националниот дрес, во изминатите, деценија-две, па и повеќе, го заокружи на 28. Реализации (половина од поените на нашата селекција (4/8 за три, 6/9 во обидите за два поени и 4/4 од оние за еден), но и четири асистенции, два скока, и индекс-28.

Секако свои моменти во тоа прво полувреме, имаа и Крстевски, Стајиќ, претходно и Ѓутоски, кои искомбинираа уште 15.поени.

Својата веројатно и најдобра, или една од најдобрите партии во кариерата Димитријевиќ ја продолжи и по паузата од 15.минути. Му беше и тоа како потребен тој одмор , затоа што продолжи да го води нашиот национален тим кон она што беше некоја планирана цел – наречена изненадување.

Литванците „се освестија“ и решија „стражата“ покрај Нено да биде двојна. Но тоа не му посмета на крајот на третиот дел веќе да има и 38.поени, Но Литванија минимално водство (64:62), пред периодот на одлука.

И некако преголеми беа нашите очекувања, дека Димитријевиќ може само против сите Литванци. За жал, не се „појави“ уште некој наш играч во тие 10.минути, за да му помогне. Литванците делуваа трпеливо, макар што на моменти делуваа и нервозно, секако, „предизвикани“ од играта на нашиот најдобар играч.

Полека изградија и двоцифрена предност (75:65), по четири минути игра во последната четвртина.

А по нашиот тајм-аут, уште поголем, сериозен проблем...

Откако положи и за својот 43.поен на мечот, Димитријевиќ остана да лежи на паркетот, мораше да биде изнесен надвор од теренот со помош на нашите медицински лица.

И тука некаде „се распадна“ играта на нашата репрезентација.

Литванија направи, парцијално гледано (21-5) за нецели шест минути и го реши прашањето околу победникот, но и го завери пласманот на Евробаскетот 2025.

За нас останува оној февруарски „прозорец“ во кој мораме да ги победиме Естонија на гости, и Полска на домашен терен, но и да чекаме пораз на естонската репрезентација. Литванија има 2-0 во меѓусебниот скор со Македонија.

Полска и се реваншираше на Естонија

Многу важен беше исходот на вториот натпревар од нашата група „Х“ во овие квалификации. Оној кој се играше во Талин, а во кој гостите, репрезентацијата на Полска, стигна до минимален триумф (88:86), за нив прв во циклусот.

Воедно тоа беше и првиот пораз на естонската селекција, за поволен исход на овој меч од кој „зависна“ беше и нашата селекција.

По четири одиграни кола Естонија е на ефект од три победи и еден пораз, Полска има една победа и три порази.  

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

ГРУПА „Х“

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Естонија – Полска 86:88

Литванија – МАКЕДОНИЈА        94:72

ТАБЕЛА

1.Литванија 4          3          1          318:268        7

2.Естонија    4          3          1          307:294           7

3.МАКЕДОНИЈА     4          1          2          304:321        5

4.Полска      4          1          3          301:347        5

ИДНО КОЛО (21.ФЕВРУАРИ-2025 ГОДИНА)

Естонија – МАКЕДОНИЈА

Полска - Литванија