23.02.2024

Селекцијата од Балтикот направи пресврт во второто полувреме, ја анулира нашата позитива од првото, и победи во „Кале“ (74:69)

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025: Одличното прво полувреме не беше доволно за да ја победиме незгодната Естонија

Естонија уште еднаш подобра од Македонија, уште еднаш, овојпат во салата на СРЦ „Кале“. По одличното прво полѕвреме во кое имавме предност од седум поени (43:36), Естонците беа подобри во второто. Доволно за да стигнат до особено важен триумф. 

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА        69:74

По двете тројки на Димитријевиќ и неговиот осми поен, Македонија се стекна со почетно, солидно водство од (16:10). Не искористивме неколку напади, момент кој Естонците го искористија за серија од седум поени,и за преземање на водството (17:16), по девет минути игра.

Но во онаа последната, новото засилување за нашиот национален тим, Хап додаде уште четири поени (вкупно осум), за да го врати водството на нашата страна.

По десет минути во СРЦ „Кале“: Македонија-Естонија (20:19).

Во оние наредните, игра со мал број на поени, на двете страни од игралиштето. За „половина“, четвртина двете селекции уфрлија само десет поени, за резултатот да остане непроменет, „минималец“ за Македонија (25:24).

Но само до моментот кога одново „врзавме“ два точни шутеви за три поени (Димитријевиќ и Ѓуроски), за сосема солидни (33:28). Негатива која го натера селекторот на гостите, Јука Тоијала, но минута одмор.

Но Ѓуроски немаше намера да застане, по неговата нова тројка, Македонија имаше уште повисоки (38:32). А наградата за одличната игра во одбраната, ја донесе Димитријевиќ. Со неговите „два плус еден“, имавме највисоки (41:32) во финишот на првото полувреме.

Го завршивме со нешто пониски (43:36).

Дваесет минути ов кои Димитријевиќ веќе дојде до бројката од 16. реализации. „Двоцифрен“ беше и Хап, кој имаше 12, Ѓуроски дојде од осум...

Почетокот на второто полувреме донесе подобра игра на гостинската селекција. Во три минути Естонците ја стигнаа и престигнаа нашата позитива. Естонското водство од (45:43), беезше знак за селектоото Јончевски да ги повика своите кошаркари на минута за совети, како во продолжението од натпреварот.  

А Ненад Димитријевиќ беше кошаркарот кој што не дозволи сето тоа да (по) трае. Влезе во нова серија на реализации, за да го вративме водството на нашата страна (49:45).

Не го одбранивме, следуваше уште една мини-серија на Естонија, за нова промена на водството (56:53). Беше нешто повисоко (57;53) по три одиграни четвртини.  

Ни беше потребен уште некој расположен за поени кошаркар, во четвртината на одлука. Ефремовски погоди за три, за да најави такво нешто. Но, проблем и тоа голем, беше повредата на нашиот, дотогаш, најдобар кошаркар, Димитријевиќ. а останаа да се одиграат скоро седум минути.

Тројката која ја постигна капитенот Вене, ја остави противничката репрезентација во позитива, сега од пет поени (63:58), во средишниот дел од завршната четвртина.

Ја имаа истата предност (67:62) и на 3:22 минути до крајот на премиерниот меч од групата „Х“ за двата тима одигран во полното СРЦ „Кале“. 

Димитријевиќ успеа да ја надмине повредата, се врати на теренот. Но Естонија беше во серија. Сега од пет поени, доволно за прв пат на мечот, гостите од Балтикот да имаат двоцифрен плус (72:62).

Симнавме добар дел од таа негатива, намаливме на (69:72), по 25. поне кој дојде од Димитријевиќ. Но немаше време за комплетен „камбек“. Оние преостанати нецели десет секунди беа доволни за прва победа на Естонија во новиот квалификациски циклус.

Ние ќе ја бараме по три дена, на 26. февруари, на гостински терен, во Сосновиец, каде нè чека Полска.