14.08.2023

И последниот меч од квалификациите, една година подоцна, ќе го играме пред македонските фанови, против Полска...

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025: Почнуваме догодина, на 23. февруари, со Естонија на домашен терен

Македонската кошаркарска репрезентација го доби и официјалниот „ред на возење“ во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во четири различни земји.

Согласно со натпреварувачките броеви, формирани се и натпреварувачките евојки за сите шест кола во групната, квалификациска фаза од групата „Х“, во која освен нашата, се и селекциите на Естонија, Оитванија и Полска.   

Првиот меч од новиот квалификациски циклус, „црвено-жолтите“ го играат на 23. февруари следната, 2024 година, и тоа против репрезентацијата на Естонија на домашен терен.

Дома ќе го играме и последниот меч од квалификациите, на 24 февруари, 2025 година, против селекцијата на Полска

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ - ГРУПА „Х“

23 февруари 2024

Македонија – Естонија

Литванија - Полска

26 февруари 2024

Полска – Македонија

Естонија - Литванија

 

21 ноември 2024

Македонија – Литванија

Полска - Естонија

 

24 ноември 2024

Литванија – Македонија

Естонија - Полска

 

21 февруари 2025

Естонија – Македонија

Полска - Литванија

24 февруари 2025

Македонија – Полска

Литванија - Естонија