23.02.2024 Макар што Војдан Стојановски„влече“ една нималку наивна повреда на задната ложа, нема откажување Војдан Стојановски беше дел од последните тренинзи на нашиот национален тим. И веќе „вообичаено“ кога станува збор за предводникот на сениорите, ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Макар што „влече“ една нималку наивна повреда на задната ложа на левата нога, која ја доби на финалниот натпревар од Купот на Македонија завршен овој викенд во Битола. Очекувано, Стојановски доби одредена поштеда од селекторот Александар Јончевски на овие мини-подготовки пред мечот со Естонците. Се со цел капитенот да биде во стројот, да „го одигра своето“, и да им помогне на соиграчите во обидите да се излезе како победник против сериозно незгодниот ривал од Балтикот.