Играа добро, во најголeм дел од гостувaњето, пред некоја вечер, во Матошинос нашите најдобри кошаркарки, но на крaјот, резултатот беше негативен. А веќе за некои 72 часа, ги чека уште еден, далеку посериозен предизвик, веројатно и во кариерата на најголем де од избраните 12 на селекторот Александар Ашаданов. Ќе имаат, веројатно и ретка можност во своите кариери, да играат против еден од најдобрите европски селекции во изминатата деценија, онаа на Србија.
Вечерва, од 18.часот, во СРЦ „Кале“ (пренос на „Спортклуб“ 1 ХД), нашите девојки ќе му се спротивстават на топ-фаворит, не само во нашата „Г“ квалификациска група, туку веројатно и на Евробаскетот закажан да се игра во четири различни држави во 2025 година.
Селекција којј уште на отворањето на групната квалификациска фаза, против Украина, покажа кој е кој во оваа конкуренција. Славеа избраничките на селекторот Марина Маљковиќ со двојно поголеми (82:40) против сосема солидно рангираниот украински состав.
А се чини дека токму овој меч е еден од оние за кои и и не е потребна дополнителна мотивација кај сите во нашиот женски национален тим.
Една од најискусните кошаркарки во нашиот состав, Нена Трајчевска, очекува, извесно, доста тежок натпревар, гледано и според квалитетите на селекцијата која е наш гостин во СРЦ „Кале“.
„Очекувам еден многу тежок натпревар, бидејќи сите знаеме каква екипа имаат Србија и каде рангираат во женската кошарка во светот. Тие се апсолутни фаворити и таа улога им ја препуштаме без никакво размислување и со голем респект кон нив“ – потенцира кошаркарката со најголем стаж во нашата национална селекција.
Сепак, Трајчевска се надева дека сите оние кои ќе добијат шанса да излезат на теренот, ќе го прикажат, ќе го дадат она најдоброто од себе:
„Но, тоа не значи дека ние ќе излеземе на терен исплашени, и без желба за докажување и играње против тие девојки. Ќе дадеме максимум да се покажеме во најдобро светло, и оставиме една слика која ќе ни биде мотив за сите идни заеднички собири и натпревари“.
Инаку, еден час порано (17.00), својот втор меч од оваа група ќе го одиграат селекциите на Украина и на Португалија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ-ЖЕНИ 2025
ГРУГА „Г“
ДВОЈКИ 2. КОЛО - 12. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
17.00: Украина - Португалија
18.00: МАКЕДОНИЈА – Србија
ТАБЕЛА
1.Србија 1 1 0 82:40 2
2.Португалија 1 1 0 65:52 2
3.МАКЕДОНИЈА 1 0 1 52:65 1
4.Украина 1 0 1 40:82 1