Женската сениорска репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Вечерва во СРЦ „Кале“, репрезентацијата на Србија во целост ја потврди фаворитската улога и стигна до убедлива победа, втора за нив во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“.
МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 60:103
Имавме почетни (6:14), но гостинската селекција реализираше десет поени по ред, за нивно водство од (14:6), по што селекторот Ашаданов по нешто повеќе од пет одиграни минути, беше приморан да го побара првиот тајм-аут на натпреварот.
Без особен ефект, од причина што фаворитот притисна уште повеќе, и до крајот на првиот период се одвои на високи (30:12). Имавме дури 11.загубени топки за десет минути, што резултираше со така високо водство за Србија уште во воедниот дел од мечот во СРЦ „Кале“.
Во втората четвртина се ослободивме, макар и делумно, од притисокот, стигнаа и реализациите, но српските кошаркарки успеваа да ја одржат предноста (се движеше од 15 до 17. поени). Париравме на високата постава на гостинската селекција и во скокот. Не дозволивме, како што тоа беше случај на претходниот меч во Португалија, скокачка доминација на Србија.
Сепак, на средина од овој дел од играта, Србија поведе со (41:20), доволно за македонскиот селектор да побара уште една минута за одмор, и совети како понатаму...
Но до крајот на полувремето се остана во тие рамки, Србија имаше убедливи (51:28).
Капитенот Митрашиновиќ реализираше 11. поени во тој дел од играа. Селцова додаде седум, Хемпе имаше шест, а поентираа уште Тасевска и Кметовска.
Тргнавме многу поефикасно во третиот дел од играта, видливо беше тоа и во резултатот. Поентерски некако му париравме на поквалитетниот ривал, кој од друга страна држеше висока резултатска дистанца.
Тоа беше и најефикасниот период во играта на нашата селекција, но недоволно за да се размислува за некое „враќање“, едноставно кажано, квалитетите на на српската репрезентација не го дозволија тоа.
По три одиграни четвртини, Србија беше уште „подалеку“, водеше со (79:46).
Капитенот Митрашиновиќ го заврши овој натпревар со 23.поен (плус шест додавања и пет скока), Хемпе даде 13 поени (плус и осум скока и две асистенции). Селцова имаше уште една сосема коректна игра која ја заокружи со реализација на 12.поени ( и по два скока и асистенции),
Кметовска како поентерска поддршка ги испрати со осум поени (и три скока), Тасевска даде уште четири во нашата селекција.
Следните натпревари во овие квалификации се за неполна година, односно во ноември, но во 2024 година. Двата натпревари ги играме на домапне терен. На 7. ноември, ја пречекуваме селекцијата на Украина, а три дена подоцна, на гости ни доаѓа Португалија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ-ЖЕНИ 2025
ГРУГА „Г“
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Украина – Португалија 63:78
МАКЕДОНИЈА – Србија 60:103
ТАБЕЛА
1.Србија 2 2 0 185:100 4
2.Португалија 2 2 0 143:115 4
3.МАКЕДОНИЈА 2 0 2 112:168 2
4.Украина 2 0 2 103:160 2
ИДНО КОЛО (7.НОЕМВРИ - 2024)
МАКЕДОНИЈА - Украина
Србија - Португалија