Почна и разврската во другите две квалификациски групи од ФИБА Лигата на Шампионите. Во групата „Ц“, во Ботевград се одигра најинтересниот меч од веројатно сите осум полуфинални.
Се сретнаа екипите на Игокеа и Клуж Напока. Натпревар во кој претставникот од АБА лигата имаше постојано водство кое го претвори во конечна победа од (82:75). Доволно за место во финалната средба каде за противник ќе го имаат португалскиот претставник Спортинг, екипа која извојува убедлива победа над Фрибург Олимпик (84:78)
На собирот во Никозија се играа мечевите од сегментот „Ц“. Изненадувачки лесна победа запиша данскиот Бакен Беарс во натпреварот против Хапоел од Тел Авив (91:71).
Немаше многу неизвесност ниту на вториот натпревар од групата во кој белгискиот Монс со двоцифрени (81:69) го совлада полскиот Анвил Влоцлавек.
За жал, поради пандемијата на КОВИД 19, овие квалификациски натпревари од најквалитетното натпреварување на ФИБА, се реализираат без присуство на публика.
Вечерва ќе ги дознаеме и првите два учесници на групната фаза од ФИБА Лигата на Шампионите. Во првото финале (од 19.часот), во Ботеград ќе играат екипите на Цмоки Минск и Нептунас од Калипеда.
А првото финале во Никозија, исто така од 19.часот, е резервирано за екипите на Керавнос и Донар Гронинген.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
ГРУПА А (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ
Бакен Беарс – Хапоел Тел Авив
Анвил Влоцлавек – Монс 69:81
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
19.00: Бакен Беарс-Монс
ГРУПА Б (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ
Донар Гронинген – Дњипро 88:53
Керавнос – Ираклис 96:94
ФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА)
19.00: Керавнос - Донар Гронинген
ГРУПА Ц (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ
Фрибург Олимпик – Спортинг 78:84
Клуж Напока – Игокеа 75:82
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
19.00: Спортинг - Игокеа
ГРУПА Д (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ
Нептунас – Лондон Лајонс 77:73
Цмоки Минск – Балкан 73:65
ФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА)
19.00: Нептунас – Цмоки Минск