26.09.2020

АБА лигашот го освои турнирот во Ботевград, а клубот од Данска оној во Никозија

Квалификации за ФИБА Лигата на Шампионите: Игокеа и Бакен Беарс го комплетираа списокот

По четири дена кошарка во Ботевград и во Никозија, станаа јасни и четирите екипи кои ќе играат во оној регуларен дел од ФИБА Лигата на Шампионите.

Откако својата задача прво ја завршија екипите на Цмоки Минск и на Керавнос, синоќа истото го направија и екипите на Игокеа и на Бакен Беарс.

АБА лигашот го освои турнирот во Бугарија откако во неизвесен финален меч беа подобри од португалскиот Спортинг (70:64).

Затоа пак многу помалку дилеми околу конечниот победник имаше на средбата во Никозија во која Бакен Беарс со убедливи (86:71) беше многу подобар од белгискиот Монс.

Согласно со новиот формат, екипата на Бакен Беарс ќе се натпреварува во групата „А“ од Лигата на Шампионите, во која се уште екипите на Динамо Сасари, Галатасарај и Тенерифе.

Игокеа ќе биде дел од групата „Г“, во која ќе се натпреваруваат: Хапоел Ерусалим, Лимож и Турк Телеком.

За жал, поради пандемијата на КОВИД 19, сите овие квалификациски натпревари од најквалитетното натпреварување на ФИБА, се реализираа без присуство на публика.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А (НИКОЗИЈА)

ПОЛУФИНАЛЕ

Бакен Беарс – Хапоел Тел Авив          91:71

Анвил Влоцлавек – Монс          69:81

ФИНАЛЕ

БАКЕН БЕАРС-Монс         86:71

 

ГРУПА Б (НИКОЗИЈА)

ПОЛУФИНАЛЕ

Донар Гронинген – Дњипро    88:53

Керавнос – Ираклис        96:94

ФИНАЛЕ

КЕРАВНОС - Донар Гронинген 60:57

 

ГРУПА Ц (БОТЕВГРАД)

ПОЛУФИНАЛЕ

Фрибург Олимпик – Спортинг 78:84

Клуж Напока – Игокеа    75:82

ФИНАЛЕ

Спортинг – ИГОКЕА          64:70

 

ГРУПА Д (БОТЕВГРАД)

ПОЛУФИНАЛЕ

Нептунас – Лондон Лајонс       77:73

Цмоки Минск – Балкан  73:65

ФИНАЛЕ

Нептунас – ЦМОКИ МИНСК      59:69